Македонија
Управниот суд одлучи во полза на Владата и ја поништи одлуката на ДКСК за невладините организации
Управниот суд одлучи во полза на Владата и ја поништи одлуката на ДКСК по приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ во врска со Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки со справување со Ковид-19 кризата.
Како што соошти Владата, Управниот суд на седница одржана на 17 јули ја уважил тужбата на Владата и ја поништи одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата како неоснована со што приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ поднесен од овластен потписник Игор Јанушев од Велес на 07 јули 2020 година до Државна комисија за спречување на корупцијата го одби како неоснован.
Оваа одлука на Управниот суд доаѓа по поднесениот приговор на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ во врска со објавениот „Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки со справување со КОВИД-19 кризата“, и со потпишување на договори за финансиска помош за исплати на средства од Буџетот на Република Северна Македонија, во период на изборна кампања за предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
Во образложението на Управниот суд во врска со отфрлањето на одлуката на ДКСК и на приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ се наведува дека во конкретниот случај се извршило исплата на средства од Буџет, за кое нешто биле донесени одлуки и Програма за давање на финансова поддршка, во вонредна состојба, а исплатата претставувала само реализација на овие одлуки и програми, видно од приложените договори, и дека е ирелевантно дали исплатата е направена пред изборите од 15 јули 2020 година.
Дополнително, Управниот Суд во образложението истакнува дека согласно член 9 став 1 од Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.160/2020 од 15.06.2020 година) од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила па се до денот на престанокот на траењето на вонредната состојба не се применуваат членовите 8-а, 75-г, 75-д и 84-а од Изборниот законик, како и членот 34 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Целта на извршување на договорите, образложува Управниот суд, е пред сѐ давање помош на тие кои им е потребна, финансова поддршка заради постоење на светска криза заради пандемијата од Ковид-19 за што биле приложени докази дека се испочитувани сите процедури од страна на Генералниот секретаријат на Владата, а датата на исплатата не е спорна за судот, односно пораното исплаќање значи побрза финансова помош во условите на пандемијата, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

