Свет
Шпанија предлага создавање на фонд за економска помош од 1,5 трилиони евра
Шпанија предложи државите членки на ЕУ да создадат фонд од 1,5 трилиони евра за да им помогнат на членовите на блокот кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус, се вели во интерен документ на шпанската влада.
Италија и Шпанија се меѓу најтешко погодените земји-членки на ЕУ во пандемијата, со најголем број потврдени случаи на заразени и регистрирани смртни случаи во европскиот регион.
Во документот, до чијјашто содржина имал увид Асошиејтед Прес, се наведува дека новиот фонд за економско закрепнување може да биде составен од грантови од земјите-членки за да не се зголеми нивото на јавниот долг. Фондот треба да се финансира преку „траен долг на ЕУ“, се вели во документот.
Шпанскиот премиер Педро Санчез има намера да разговара за предлогот за време на состанокот со лидерите на ЕУ во четврток, изјави владин претставник кој побара да остане анонимен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

