Свет
Јужна Африка е првата земја што почна да ја користи вакцината на „Џонсон и Џонсон“
Јужна Африка стана првата земја во светот што ја користи вакцината од американската лабораторија „Џонсон и Џонсон“.
Првата вакцина од 80.000 дози ја прими медицинска сестра во болницата во Кејп Таун пред камерите. Вакцината потоа ја прими и претседателот Сирил Рамафоса. Уште 420.000 дози на американската лабораториска вакцина набргу треба да пристигнат во Јужна Африка.
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ спаѓа во групата вакцини што содржи безопасен вирус на САРС Ков-2, кој не предизвикува заболување, но генерира имунолошки одговор, како што се и вакцините на „Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“, кинеската на „Синофарм“ и руската „спутник В“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

