Македонија
Анкета на „Макфакс“: граѓаните најзадоволни од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Од кој градоначалник најмногу сте задоволни“, повеќето од испитаниците, односно повеќе од половина, се изјасниле дека се најзадоволни од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
За Димитриевски се изјасниле 53,3 отсто од испитаниците, а за градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, својот глас го дале 16,5 отсто од испитаниците. 15,4 отсто од испитаниците во онлајн-анкетата на „Макфакс“ сметаат дека најдобар градоначалник е првиот човек на град Скопје, Петар Шилегов,ка за 9,0 проценти од испитаниците најдобра е градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
За градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, пак, се изјасниле 5,8 отсто од испитаниците во анкетата.
Анкетата беше спроведена од 2 октомври годинава и траеше 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.