Македонија
(Видео) Деспотовски: Со попис до повеќе инвестиции и поголеми плати за работниците
Пописот е многу важен и ќе придонесе нашата земја многу посериозно да излезе на картата во делот на странските инвестиции, да привлечеме инвестиции со повисок квалитет и да донесеме инвеститори кои ќе дадат многу поголеми финансиски средства, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ за претстојната статистичка операција.
Тој очекува квалитетни податоци од пописот врз база на кои ќе се креираат реални политики и планови.
„Секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во земјава, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила.И токму затоа пописот апсолутно и директно влијае врз одлуката на инвеститорите да вложат во Северна Македонија, и секако тоа што е многу важно, влијае врз структурата односно на висината на платите што овие компании ги даваат на работниците кои ги ангажираат.Така што, тие податоци кои ги очекуваме од пописот поврзани со работата на ТИРЗ ќе помогнат многу и можам да изразам мое лично очекување, апел и желба да добиеме квалитетни податоци кои ќе ни помогнат да си ја завршиме нашата цел и нашата мисија, а тоа е многу повеќе странски инвеститори, односно многу повеќе и многу подобро платени работни места”, вели Деспотовски.
Еден од главните столбови на новиот концепт во работењето на ТИРЗ е привлекување странски инвестиции со поголем квалитет кои ќе донесат повеќе пари во буџетот но и подобро платени места.
Дополнително, целта е до 2024 година вработените во компаниите кои се веќе активни во ТИРЗ да добиваат 30-50 проценти поголеми плати. За таа цел ТИРЗ работи на развој на мерки и програми со кои ќе се поттикне растот на платите преку зголемена продуктивност на трудот и вложување во унапредување на вештините на домашните работници.
Долгорочно, ова е дел од стратегијата и начин на младите да им се обезбеди перспектива и иднина во земјава и да се спречи процесот на нивно иселување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

