Македонија
(Видео) Кирков: Неспособната Арсовска беше на праг да предизвика епидемија од птичји грип
Данела Арсовска која е позната по негрижа за граѓаните, негрижа за народните пари, сега беше на праг да предизвика епидемија со птичјиот грип, кажа денеска на прес-конференција, Стефан Кирков, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
„Данела Арсовска заедно со коалицијата СДС, ДУИ и Левица со кои ги тера сите матни зделки се заинтересирани само за интриги и за влакно избегаа да бидат причинител за птичји грип и епидемија во целиот град. Арсовска, поддржана од СДС, ДУИ и Левица, само ги менуваше директорите на скопската Зоолошка градина која е обележје на Скопје и на цела Македонија, а единствено требаше да направи е само да назначи професионалец. Но, што направи таа? Скопската Зоолошка ја претвори во еден хорор филм, каде за помалку од три години направи помор и таму починаа повеќе од 40 егзотични животни, установа која ја пратат само инциденти“, вели Кирков.
Според него, доколку не се ангажираа институциите во Зоолошката ќе се случеше катастрофа од невидени размери.
„Здравјето на граѓаните и здравјето на вработените во оваа установа е пред се, сметаме дека институциите реагираа навремено и професионално. Постапката со евтаназија на животните кои имале близок контакт со заболеното животно во кое се утврдил вирусот е постапка која е по сите стандардизации и таа се практикува во сите зоолошки и е дел од регулативите во ЕАЗА, Европска Асоцијација на зоолошки и аквариуми. Апелираме до Арсовска да прекине со продукција на лаги и хорор филмови. Доста Арсовска поддржана од СДС, ДУИ и Левица, ги малтретира скопјани, намерите им се јасни и се препознаени од сите. На неспособната Арсовска и се гледа крајот на владеење со Скопје, а потоа следи и одговорност!“, рече советникот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
РСБСП Апелира: Возете внимателно и одговорно во зимски услови!
Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови.
„Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците“.
РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.
Затоа, РСБСП упатува јасен апел: Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.

