Регион
(Видео) Непроспиена ноќ во Петриња и Глина – граѓаните останаа на улица поради страв од нов земјотрес

Многумина жители на Петриња, Глина и Мајске Пољане ја поминаа ноќта на улица крај огнот поради страв од нов земјотрес откако вчерашните домови им беа целосно уништени. Повеќето спиеја во своите автомобили пред куќите или воопшто не спиеја. Ова го потврди градоначалникот на Глина изутринава за хрватските медиуми.
„Пред една минута или две почувствувавме земјотрес. Го слушав градоначалникот на Петриња, исто е и во Глина, не е ништо подобро, некои луѓе беа сместени, некои не сакаа да ги напуштат своите куќи, ја поминаа ноќта смрзнувајќи се во автомобили, но голем дел од луѓето беа згрижени. Во текот на денот ќе ги посетиме и другите населени места. Имаме 35,36 населени места погодени од земјотресот. Помош доаѓа од сите страни, тешко е да се каже што ни треба, шатори сигурно, но во текот на денот ќе знаеме подобро“, вели тој.
„Некаде куќите беа срамнети со земја, некаде паднаа оџаците“, додаде градоначалникот на Глина за ХРТ утрово. Петмина луѓе од Глина загинаа во вчерашниот разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, којшто на погоди Хрватска. Двајца беа извлечени од под урнатините. Вкупниот број на загинати во земјотресот е седум лица, а десетици беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.