Свет
(Видео) Пакистан: Воз преполови автобус на железнички премин, загинаа 19 патници

Најмалку 19 лица загинале, а 55 се повредени кога воз удрил во автобус во покраината Синд, во јужен Пакистан. Според официјални претставници на власта, несреќата се случила
на необележен железнички премин.
Официјален претставник на железницата соопшти дека несреќата се случила во близина на округот Рохри, околу 470 километри северно од Карачи на необележан премин. Сите загинати се патници од возот. Полесно е повреден помошник машиновозачот.Некои од повредените се во критична состојба.Во тек е истрага за причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кац: Израел ќе се погрижи Иран да не може повеќе да го загрозува

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денес изјави дека армијата на земјата ќе се погрижи Иран повеќе да не може да го загрозува и дека подготвува специфичен план за извршување за ова.
Кац изјави дека војската мора да се подготви на разузнавачко и оперативно ниво за да се осигури дека воздухопловните сили ја одржуваат својата воздушна супериорност над Техеран.
На 13 јуни, Израел започна масовен воздушен напад врз Иран, насочен претежно кон нуклеарни објекти, на што Иран одговори со лансирање ракети и беспилотни летала.
Прекинот на огнот стапи на сила на 24 јуни.
Израел објави дека неговата цел е да го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје, што Техеран го негира, и да го намали својот арсенал на балистички ракети.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе го спречи Иран да ги обнови своите нуклеарни објекти, што би ја зголемило можноста за обнова на конфликтот.
Според некои израелски медиуми, лидерите на земјата сакаат да усвојат сличен пристап како оној што го усвоија во Либан.
Израелската армија редовно извршува напади врз она што го нарекува сомнителни објекти и оперативци на милитантната група Хезболах во Либан, иако двете страни потпишаа договор за прекин на огнот кон крајот на ноември минатата година, анализираат медиумите.
За време на конфликтот со Иран, Израел објави дека бил погоден од повеќе од 50 ракети во кои загинале 28 лица, додека во Иран, повеќе од 900 луѓе загинале во израелски напади.
Свет
Макрон: Разговорите со Путин не донесоа напредок за прекин на огнот во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денес призна дека разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин не донесоа никаков напредок кон евентуално прекин на огнот во Украина.
„Ги споделивме нашите разлики и не можам да кажам дека е постигнат некаков напредок во разговорите бидејќи прво е потребно прекин на огнот и продолжување на преговорите“, рече Макрон за време на кратката интеракција со новинарите.
Тој ја повтори „апсолутната клучност“ на санкциите што моментално ги воведува Европа и оние што ги подготвуваат САД.
„Прво го повикав за прашањето на Иран и потребата од одржување на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, на кој тој се обврза. Беше важно да се обезбеди тој договор бидејќи одговорност на Франција е да ја одржи таа конзистентност“, рече францускиот претседател.
Во вторникот, Макрон и Путин разговараа за Украина и Блискиот Исток по телефон во контекст на конфликтот Иран-Израел и нападите на САД врз нуклеарните постројки во Техеран.
Ова е првиот повик меѓу двајцата претседатели по повеќе од две години, а последниот значаен беше во септември 2022 година.
Свет
Кина воведува царини за увоз на алкохолни пијалоци од ЕУ

Кина одлучи да воведе царини за увоз на алкохолни пијалоци од ЕУ во период од пет години, откако компаниите ги пласираа на кинескиот пазар по цени под трошоците за производство, објави денес Министерството за трговија.
Царините, кои се движат од 27,7 до 34,9 проценти, ќе се воведат од сабота и ќе останат во сила пет години, соопшти министерството.
Компаниите кои доброволно се обврзале да ги продаваат своите алкохолни пијалоци по одредена минимална цена ќе бидат ослободени доколку ги исполнат потребните услови, соопшти министерството.
Мерката ќе опфати повеќе од 60 компании, според списокот од Министерството за трговија, а 34 од нив би можеле да ги исполнат условите за ослободување, се додава во соопштението.
Производителите на коњак предложија минимални цени за увоз кои се движат од шест до 85 долари за литар и постигнаа прелиминарен договор со Пекинг, соопштија информирани извори кон крајот на минатата недела.
Почетокот на минатата година, кинескиот регулатор отвори истрага за тоа дали алкохолните пијалоци произведени во ЕУ се продаваат во Кина под трошоците за производство, по жалбите од домашните производители на алкохолни пијалоци.
Истрагата на Министерството за трговија покажа дека жалбите се основани и дека кинеските компании би можеле да претрпат значителна штета поради ваквите практики на производителите од ЕУ.
Претставниците на ЕУ постојано ги негираа кинеските обвинувања, потсетува агенцијата ДПА.
Извор од француската влада пред една недела изјави за Ројтерс дека кинеските претставници постојано ги поврзувале разговорите за коњакот со разговорите на ЕУ за електрични возила. Тој додаде дека француската влада отфрлила поврзаност меѓу двата случаи, но изрази претпазлив оптимизам, велејќи дека може да се постигне формален договор пред 5 јули.
Пекинг сака ЕУ да ги замени увозните тарифи за кинеските електрични возила со обврзувачки минимални цени по примерот на оние предложени за коњакот, велат изворите.
Кина изјави дека разговорите за електричните возила влегле во последната фаза, но претставниците на ЕУ велат дека напредокот е ограничен.