Македонија
Во болниците во државата хоспитализитани 338 пациенти поради коронавирусот

Вкупно 338 пациенти во моментот се хоспитализирани во болниците во државата поради коронавирусот.
Според официјалните податоци, на Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки позитивни на Ковид-19, 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 14, а во болницата во Штип – 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 138 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Инаку, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791, бројката на оздравени пациенти е 13.184, на починати е 648, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.959 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Центар, Аеродром и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 06:00 до 08:00 часот, корисниците од ул.Максим Горки бр.20 и објектот Луна Бизнис на ул. Новопроектирана 2 и објектите околу бизнис центарот, општина Центар;
– Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од село Крушопек, општина Сарај;
– Во периодот од 08:30 до 15:30 часот,дел од корисниците на улицата Ѓорѓи Капчев, општина Аеродром;
– Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улицата Венијамин Мачуковски, национален ансабл танцер и околината, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.