Македонија
Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми, и тоа седум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид-центарот на Клниката за неврологија, еден болен на Клиниката за дерматовенерологија, еден пациент на ковид-одделението на Клиниката за гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица, соопшти Министерството за здравство.
На Кожната клиника во ковид-центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на коронавирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица. Во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.
Од неделата пациенти сомнителни и потврдени за Ковид- 19 се примаат и во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.
Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид-центарот на Клиниката ОРЛ. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

