Свет
Во светот од коронавирус починале 404.245 лица
Најмалку 404.245 лица починале од коронавирус во светот, а повеќе од седум милиони луѓе биле заразени во 196 земји и територии, пренесе агенцијата „Франс прес“. Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка на заразени бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман.
Од вкупниот број заразени, најмалку 3.078.100 луѓе се сметаат за излекувани. САД, каде што е регистриран првиот смртен случај на почетокот на февруари, се најмногу погодени од вирусот.
Во таа земја починале 110.771 лице, заразени се 1.951.111, а излекувани се 530.367.
По САД, држави со најголем број смртни случаи се Велика Британија (40.597 смртни случаи и 287.399 заразени, Бразил (36.455 смртни случаи и 691.758 заразени), Италија (33.964 смртни случаи и 235.278 заразени) и Франција (29.209 смртни случаи и 191.185 заразени).
Кина, без територијата на Хонг Конг и Макао, каде што почна епидемијата во декември 2019 година, официјално има 83.040 заразени, 4.634 мртви, а бројот на излекувани е 78.341.
Европа има 183.985 смртни случаи и 2.291.003 заразени, САД и Канада 118.641 смртни случаи и 2.047.260 заразени, Латинска Америка и Карибите 65.889 мртви и 1.335.035 заразени, Азија 19.679 смртни случаи и 700.719 заразени, Блискиот Исток 10.640 смртни случаи и 488.737 заразени, Африка 5.280 смртни случаи и 1.893.802 заразени лица и Океанија 131 починато лице и 8.645 заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен
Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски функционери за Си-Ен-Ен, додека тој размислува да ги спроведе своите неодамнешни закани да ја нападне иранската влада доколку таа употреби смртоносна сила против цивили.
Функционерите рекоа дека Трамп бил запознаен со различни планови за интервенција, бидејќи насилството во земјата доведе до десетици жртви и апсења. Некои од дискусиите вклучувале и опции што не подразбираат директна воена сила на САД.
Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, велат американските функционери.
Сепак, постојат загрижености во администрацијата дека воените напади може да се вратат како бумеранг и да ја ослабат поддршката за протестите. Функционерите истакнаа дека нападите можат ненамерно да ги обединат Иранците во поддршка на владата или да предизвикаат Иран да возврати со своја воена сила.
Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледува можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите што ги разгледува не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопшти висок функционер од Белата куќа.
Според американската агенција за човекови права HRANA, од почетокот на протестите пред две недели, кога се прошириле низ сите 31 провинции на Иран, загинале 116 лица. Сè уште не е јасно дали бројката целосно ја отсликува големината на жртвите, поради националниот прекин на интернет и телефонските линии.
„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Трамп претходно изјави дека ако Техеран користи смртоносна сила против протестанти, САД ќе се вклучат.
„Јас јасно реков дека ако почнат да убиваат луѓе како што правеле порано, ние ќе се вклучиме. И тоа не значи стапала на терен, туку удари таму каде што боли многу, многу силно.“
Секретарот за надворешни работи Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за тековните протести, како и за ситуацијата во Сирија и Газа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја „набљудуваат ситуацијата“ во Иран, додека земјата влегува во третата недела на антивладини протести. „Протестите се внатрешно иранско прашање. Сепак, ИДФ е подготвена одбранбено и постојано ги подобрува своите капацитети и оперативна подготвеност“, се наведува во соопштението.
Свет
Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466
Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на американската новинска агенција на активисти за човекови права.
Во своето најново ажурирање, независната организација соопшти дека досега починале 466 лица – огромно зголемување во однос на претходната бројка од 203.
Групите за човекови права соопштуваат дека поради прекинот на комуникациите тешко може да се добие целосна документација, но дека бројот на загинати демонстранти постојано расте. Центарот за човекови права во Иран добил сигурни информации од сведоци дека стотици демонстранти биле убиени во последните денови.
Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.
„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.
Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.
Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.
И покрај репресијата, протестите продолжија и вчера, а се очекувале нови демонстрации вечерва.
Свет
Трамп побарал да се изработи план за инвазија на Гренланд – воени команданти се спротивставиле
Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.
Извори велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд, пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.
Според извори, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операци да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.

