Регион
Девет дена пекол во Ниш: Малата Моника е исцрпена, педофилот е вооружен и во бегство

Дванаесетгодишната Моника Каримановиќ која денеска беше пронајдена жива по деветдневниот пекол кој го поминала откако беше киднапирана на 20 декември е исцрпена, но свесна за се, пишуваат белграските медиуми. Според нив, девојчето е во стабилна состојба.
„Таа е многу исцрпена, но е комуникативна и свесна“, вели извор за „Курир“.
Според дел од медиумите, девојчето е пронајдено во гробница во село во близина на Ниш по девет дена интензивно трагање по неа и нејзиниот киднапер. Таа околу 17.40 часот е пренесена во болница во Ниш.
Очевидци тврдат дека oсудениот насилник Нинослав Јовановиќ избегал пред да дојде полицијата и дека со себе има нож.
Моника околу 16,50 часот беше пронајдена жива. Таа беше киднапирана од Нинослав Јовановиќ, познат како ’берберот од Малчан’, околу 7:30 часот на 20 декември, додека таа одела на училиште. Јовановиќ работел на неколку работни места во една од куќите во Сув Дол и веројатно со денови ги следел нејзините движења. Откако украл автомобил, сиво „пунто“, тој го киднапирал детето додека одело на училиште.
Во деветдневна потрага на полицијата, се вклучи и војската и граѓаните, кои ја пребаруваа секоја куќи и подрум во околината, влегоа во стотици напуштени домови каде киднаперот би можел да го крие девојчето. На многу места, Јовановиќ оставил траги како што се отпадоци од храна и облека.
Според „Еспресо.рс“, полицијата го стега обрачот околу киднаперот и се очекува наскоро да биде уапсен.
Мајката на Моника за Еспресо.рс плачејќи го раскажува својот прв разговор со девојчето.
„Мамо, само дојди да те загрнам“, и рекла Моника на мајка си.
„Не можам да дочекам да ја прегрнам. Мојата Моника. Возбудена сум, едвај чекам да ја донесат“, вели мајката на Моника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.