Македонија
Заев: Им благодарам на Франција и Германија што ги препознаа нашите подвизи

Премиерот Зоран Заев по самитот на лидерите од Западен Балкан во Берлин со германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател, Емануел Макрон, им заблагодари на Франција и Германија што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презела земјата како врвен придонес кон балканската и европската стабилност.
„Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот“, напиша Заев на „Фејсбук“ по завршувањето на самитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Началникот на Генералштабот на Армијата на меѓународниот саем DEFEA 25 во Грција

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ја предводи армиската делегација на Меѓународниот саем за одбрана и вооружување DEFEA 25, кој се одржува во Атина во период од 5 до 7 мај, на покана на началникот на Националната одбрана на Република Грција, генерал Димитриос Хупис.
За време на посетата на саемот, Лафчиски и останатите членови на армиската делегација, имаа можност да погледнат дел од најновите достигнувања на полето на воена опрема и вооружување.
Посетата на саемот е дел од активностите на Генералштабот на кои се согледуваат можностите за модернизација на опремата со нови платформи, согласно потребите и приоритетите за развој на капацитетите и способностите на Армијата.
Во рамки на посетата, геЛафчиски оствари срeдба со началникот на Националната одбрана на Република Грција, генералот Хупис на која беше изразено уверување за продолжување на континуираната меѓуармиска соработка, особено во доменот на воената едукација, обука на специјалните сили, учество на вежби и меѓународни операции, како и за процесот на стандардизација во НАТО.
Лафчиски во оваа прилика изрази искрена благодарност за несебичната помош од страна на Република Грција, која веднаш ги понуди своите специјализирани капацитети за лицата на кои итно им беше потребен висококвалитетен медицински третман по пожарот кој се случи во Кочани. „Тоа претставува вистински одраз на солидарност и пријателство меѓу две соседски земји“, рече генералот Лафчиски.
На саемот DEFEA 25, кој се реализира под покровителство на грчкото Министерство за национална одбрана, 436 изложувачи од 37 земји прикажаа дел од најновата и најсофистицирана воена опрема за потребите на конвенционални, поморски, воздухопловни, национални и сајбер безбедносни одбранбени системи.
Македонија
Владата донесе одлука за помош на млади и младински организации, одобрени и измените на ЗЕЛС за подобро функционирање на општините

Денес Владата ја одржа 77-та седница на која беа донесени неколку значајни одлуки во интерес на граѓаните, соопшти владината прес-служба.
На седницата беше разгледана информацијата за носење на Предлог-програма за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински чадор организации за 2025 година преку министерството за социјална политика, демографија и млади.
Преку Министерството ќе се дадат грантови за проекти од областа на младите, на младинските организации во износ не поголема од 300.000 денари.
Проектите и апликациите треба да се насочени кон следните приоритетни цели и тоа: зајакнување на влијанието на младите во сите процеси на донесување одлуки на локално и национално ниво врз основа на соодветна правна рамка;
препознавање на младинската работа како клучна алатка за помагање на позитивниот личен и социјален развој на младите;
оспособување на младите со знаења и вештини за медиумска и дигитална писменост кои препознаваат дезинформации и ги артикулираат сопствените интереси и ставови како активни граѓани во општеството со развиена критичка свест;
зголемување на свеста и имплементација на мерки за намалување на врсничко насилство, родово базирано насилство, сајбер безбедност и дигитална хигиена во рамките на образовните институции и
креирање на иновативни решенија за намалување на невработеноста на младите и промоција на мерки за самовработување и претприемништво.
Се со цел да се запази транспарентноста, ќе се објави јавен повик при што претставници од министерството и Генералниот секретаријат ќе ги разгледуваат апликациите и проектите, додека пак распределба на средствата ќе се врши согласно правилник за распределба, информираат од Владата.
Исто така, Владата го одобри предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа. По одобрувањето од страна на Собранието, како што појаснуваат надлежните, овие измени ќе донесат значителни подобрувања во функционирањето на општините, зголемување на транспарентноста, граѓанското учество и административната ефикасност.
Македонија
ЗЕЛС ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа

ЗЕЛС ја поздравува одлуката на Владата на РСМ за усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа.
Особено, како што е нагласено во соопштението, делот кој се однесува на формирање на општинска комунална полиција.
„Ова е долгогодишно барање на ЗЕЛС и се надеваме дека со овие измени, по донесување на овој Закон, општините ќе обезбедат многу подобри услуги кон своите граѓани. Очекуваме дека и Собранието на РСМ ќе го усвои Законот во што пократок рок“, истакнуваат од ЗЕЛС.