Свет
Кои маски штитат, а кои ја шират инфекцијата на Ковид-19 уште повеќе?
САД достигнаа рекордни пет милиони заразени од коронавирус, а сите напори да се запре ширењето на инфекцијата не успеаја. Иако постои притисок за конзистентно и широко распространето тестирање и развој на вакцини, експертите велат дека носењето маски доследно ќе ја доведе пандемијата под контрола во рок од неколку недели.
Нова студија покажува дека марамите и грејачите за вратот се многу опасна замена за маските. Новата студија објавена во Science Advances се осврнува на тоа кои маски се најефективни, а кои не помагаат, туку штетат во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Анализата спроведена од истражувачи од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Дјук“ се потпира на оптимален метод на мерење, кој користи ласерски зрак и камера за мобилни телефони за да се следи бројот на капки што ги исфрлаат лицата со маски. Од 14-те маски, двете што се покажаа како најмалку ефикасни беа маските направени од шамија врзани околу лицето и таканаречените грејачи за вратот.
Најбезбедна маска е N95, која го намалува преносот на капките под 0,1 процент. Рачно изработените маски од памук и полипропилен, од кои некои се изработени од материјал за престилка, исто така се покажаа ефикасни, при што преносот на капки се движи од 0,1 до 0,4 проценти. Плетените маски пропуштиле поголем број капки, од 0,1 до 0,6 проценти.

Но, ниту една маска не пропуштила толку капки колку шамијата врзана или завиткана околу вратот и устата, како и грејачите на вратот и лицето, кои се всушност поопасни отколку воопшто да не се носи маска (пропуштаат 110 проценти од капките, дури и 10 проценти повеќе отколку кога некоја личност нема маска).
Истражувачите објаснуваат како овие „маски“ може, всушност, да шират повеќе вируси од личност што воопшто не носи маска.
„Забележавме дека некој што разговараше преку маската (особено преку шаловите и грејачите) се чинеше дека ги распрснува најголемите капки во многу помали капки… што го објаснува очигледното зголемување на бројот на капки во споредба со другите маски“, велат истражувачите.
Овие мали капки може да се покажат исклучително опасни во однос на преносот.
„Бидејќи помалите честички остануваат во воздухот подолго од поголемите (поголемите паѓаат побргу), употребата на таква маска може да биде контрапродуктивна“, велат тие.
Доктор Амеш Адаja, постар научник од Здравствениот центар „Џон Хопкинс“, вели дека студијата е важна, особено за САД, каде што има огромен број луѓе што се спротивставуваат на носењето маски.
„Луѓето навистина не разбираат дека не сите заштитни маски се исти и дека има некои што се повеќе или помалку ефективни. И мислам дека кога ќе ги донесете тие одлуки, треба да знаете вакви работи“, вели д-р Адаja.
Со оглед на брзината на пренесување на капките од шалот или грејачот за вратот, тој посочува дека таквите работи не треба да се користат воопшто.
„Не секоја маска е иста… Мислам дека многу луѓе ги носат овие работи за да го покријат лицето или само колку да се рече дека носат маска не сфаќајќи дека тие треба да бидат ефективни за да служат за некоја цел“.
За оние што сè уште не знаат зошто се неопходни маските, докторот вели дека асимптоматското ширење е еден од најважните фактори во пандемијата.
„Постојат многу луѓе што не знаат дека се заразени, а покривањето на лицето е еден од начините за обезбедување безбедност на луѓето. Ако сите би знаеле дали се здрави или не, тоа би било друга приказна, но факт е дека повеќето не знаат дали се заразени“.
Повеќе тестирања потенцијално би ја намалиле потребата за маски, вели д-р Адаja. Но, дотогаш, тие се од витално значење против пандемијата.
„Ако имаме брзи тестови со кои можеме да знаеме за една минута откако ќе ја напуштиме куќата дали сме заразени или не, тоа би било сосема друга работа, но ние сме далеку од тоа. Значи, ова е мерката што ни останува“, вели д-р Адаja.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Свет
(Видео) Студентски протести и немири на повеќе универзитети во Иран
Студенти втор ден по ред протестираат на неколку универзитети во Иран, а протестите на места прераснаа во немири, јавуваат локалните новински агенции.
Тензиите се случуваат во период кога земјата се соочува со зголемено американско воено присуство во регионот и обиди за договор со Вашингтон околу нуклеарната програма.
Судири и повредени студенти
Иранската државна телевизија објави снимки од лица за кои тврди дека се „претставувале како студенти“ и нападнале провладини студенти во Техеран. Според извештаите, неколкумина биле повредени откако кон нив биле фрлани камења.
Students at Amir Kabir University in Tehran resisted an attempt by Basij members to stop their rally against the Islamic Republic on Sunday. In the footage, plainclothes Basij members can be seen on the right side. pic.twitter.com/VWXZ0SBiNY
— Iran International English (@IranIntl_En) February 22, 2026
Протести се одржале и на универзитети во Машхад, на североистокот од земјата. Организацијата за човекови права ХРАНА соопшти дека интервенцијата на безбедносните сили предизвикала повреди кај демонстрантите и објави видеоснимки од случувањата.
Пораки против врховниот лидер
Во јавноста се појави и видео од Технолошки универзитет Шариф во Техеран, на кое наводно се слуша како демонстранти го осудуваат врховниот лидер Али Хамнеи, нарекувајќи го „убиствен лидер“.
На снимката се слушаат и повици до Реза Пахлави, синот на соборениот ирански шах кој живее во егзил, да стане нов монарх.
Students at Khajeh Nasir University gathered on the campus on Sunday to protest the government and voice support for exiled Prince Reza Pahlavi, videos shared by the university student newsletter show. pic.twitter.com/awommwsfVv
— Iran International English (@IranIntl_En) February 22, 2026
Продолжување на тензиите
Овие протести следуваат по антивладините демонстрации минатиот месец, кои започнаа поради економските тешкотии и брзо прераснаа во политички барања. Според извештаите, тие немири биле најжестоки од Исламската револуција во 1979 година.
Ситуацијата во Иран и понатаму останува напната, со засилено присуство на безбедносните сили на универзитетите и во поголемите градови.
Свет
Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс
Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување на санкциите и признавање на неговото право да збогатува ураниум, со цел да избегне американски напад.
Двете страни и понатаму се длабоко поделени – дури и околу обемот и редоследот на олеснувањето на строгите американски санкции – по две рунди разговори, изјавил висок ирански функционер за Ројтерс.
Сепак, Ројтерс за првпат објавува дека Иран нуди нови отстапки откако разговорите завршија минатата недела, кога страните изгледаа далеку од договор и поблиску до воен конфликт.
Аналитичарите велат дека овој потег сугерира оти Техеран се обидува да ја одржи дипломатијата жива и да спречи голем американски напад.
Функционерот изјавил дека Техеран сериозно би разгледал комбинација од испраќање половина од својот највисоко збогатен ураниум во странство, разредување на остатокот и учество во создавање регионален конзорциум за збогатување – идеја што периодично се споменува во долгогодишната дипломатија поврзана со Иран.
Иран би го сторил тоа во замена за американско признавање на неговото право на „мирно нуклеарно збогатување“ во рамки на договор што би вклучувал и укинување на економските санкции, рекол функционерот.
Дополнително, Иран понудил можност американски компании да учествуваат како изведувачи во големите нафтени и гасни индустрии на Иран, во рамки на преговорите за решавање на деценискиот спор околу нуклеарните активности на Техеран.
„Во рамки на економскиот пакет што се преговара, на Соединетите Држави им се понудени можности за сериозни инвестиции и конкретни економски интереси во иранската нафтена индустрија“, изјавил функционерот.
Вашингтон го гледа збогатувањето ураниум во Иран како можен пат кон нуклеарно оружје. Иран негира дека има намера да развива нуклеарно оружје и бара неговото право на збогатување ураниум да биде признаено.
Иран и САД ги обновија преговорите претходно овој месец, додека САД го зголемуваат своето воено присуство на Блискиот Исток. Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази во регионот доколку биде нападнат.
Иранскиот функционер изјавил дека најновите разговори ја нагласиле разликата меѓу двете страни, но подвлекол дека „постои можност за постигнување привремен договор“ додека преговорите продолжуваат.

