Свет
Кралството Бутан во карантин само поради еден заболен од Ковид-19
Бутанските власти првпат прогласија општ карантин кога еден граѓанин, кој е позитивен на коронавирус, бил во близок контакт со луѓе во главниот град.
Одлуката со која ќе се ограничи движењето на граѓаните на земјата со 750.000 жители е донесена кога 27-годишна бутанска државјанка по враќањето од Кувајт била тестирана на коронавирус и како негативна била пуштена од изолација. Но, при повторните тестови таа била позитивна на Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.
Овој неочекуван целосен карантин е воведен со цел полесно да се откријат контактите на заразената жена и да се запре ширењето на вирусот, соопштија надлежните.
Бутан, иако е земја што зависи од туризмот, ги затвори своите граници во март кога американски турист беше позитивен на Ковид-19 и нареди тринеделен карантин за сите оние што се враќаат од странство.
Вкупно 113 луѓе биле заразени во тоа мало кралство на Хималаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им е забранет влез
Соединетите Американски Држави планираат да го прошират бројот на земји опфатени со забраната за патување на повеќе од 30, изјави американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.
„Нема да бидам прецизна за точниот број, но тоа е повеќе од 30, а претседателот продолжува да ги оценува земјите“, рече Ноем во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го зголеми бројот на земји опфатени со забраната на 32.
Ноем не прецизираше кои земји ќе бидат додадени на списокот. „Ако таму немаат стабилна влада, ако немаат земја што може да се спротивстави и да ни каже кои се овие луѓе и да ни помогне да ги провериме, зошто би им дозволиле на луѓето од таа земја да доаѓаат тука во Соединетите Американски Држави“, рече таа.
Во јуни, Трамп потпиша проглас со кој им се забранува на граѓаните на 12 земји влез во Соединетите Американски Држави и се ограничува влезот на седум други земји, велејќи дека е неопходно да се заштитат од странски терористи и други безбедносни закани. Забраните важат и за имигранти и за неимигранти, како што се туристи, студенти и деловни патници, пренесува Танјуг.
Фото: ЕПА
Свет
Данска драстично ја намалува воената помош за Киев
Данската влада планира значително да го намали износот на воена помош за Украина од 2026 година, што е најава за постепен преглед на нејзините финансиски обврски кон Киев. Како што објави данската јавна служба, министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен објави пред парламентот дека следната година Данска ќе издвои 9,4 милијарди круни, што е малку повеќе од 1,4 милијарди долари. Оваа сума е речиси половина од помошта што беше доставена во текот на претходните години.
Поулсен потсети дека Данска обезбедила 16,5 милијарди круни во 2025 година, а дури 19 милијарди една година претходно, што јасно покажува дека поддршката за Киев ќе продолжи да се намалува во наредниот период. Според плановите, овој тренд ќе се продлабочи: веќе во 2027 година, износот ќе се намали на 7,1 милијарди круни, додека во 2028 година, Украина ќе може да смета на само една милијарда круни, или околу 156 милиони долари – што претставува драматичен пад во споредба со сегашното ниво на финансирање.
Минатата година, Данска ја финансираше украинската воена индустрија со околу 1,2 милијарди евра во рамките на таканаречениот „дански модел“, механизам што им овозможува на странските земји директно да купуваат оружје и воена опрема произведена во Украина. Токму овој модел беше претставен како пример за долгорочна и стабилна поддршка на украинските воени напори.
Сепак, сегашните планови укажуваат на забележителен пресврт. Иако Копенхаген формално останува меѓу најважните донатори, постепеното и систематско намалување на финансиската помош сугерира дека Украина ќе мора да смета на сè поскромни средства од Данска во наредните години, што би можело да има сериозни последици за нејзината воена индустрија и целокупните капацитети во конфликтот, пренесуваат медиумите.
Фото: ЕПА
Регион
Во Грција поплавени патиштата поради бурата, а училиштата во делови од земјата затворени
Бурата „Бајрон“, која ја погоди Грција, предизвика затворање на многу училишта, поплавени патишта и затворање на автопатот Атина-Коринт.
Рано утрово, националниот автопат Атина-Коринт беше затворен во еден дел поради лизгање на земјиштето и насобрана вода, објави Катимерини.
Обилните дождови доведоа и до поплавување на други патишта, додека дрвја паднаа во неколку области.
Во зори, преку бројот 112 беше испратена порака до жителите на Мегара и Мандра да се преселат од подрумот и приземјето на зградата на повисоките катови поради развојот на поплавите.
Како што е наведено, противпожарната служба, вооружените и безбедносните сили, шумската служба и Механизмот за цивилна заштита на регионот се во состојба на готовност, јавува Танјуг.
Надлежните служби на министерствата за здравство, инфраструктура и транспорт, животна средина и енергетика, труд и социјална сигурност, култура, како и рурален развој и храна, исто така се ставени во зголемена готовност.
Поради бурата „Бајрон“, која ги погоди источните и јужните делови на Грција, сите училишта во регионот Атика, како и на островот Родос, денес нема да работат, објавија грчките власти. „Безбедноста на нашите деца е приоритет за кој не може да се преговара. Ние донесуваме одлуки врз основа на научни податоци и не преземаме никакви ризици“, изјави регионалниот гувернер на Атика, Никос Хардалиас.
Тој додаде дека одлуката за затворање на сите јавни и приватни, основни и средни училишта е донесена по консултации со цивилната заштита и Министерството за образование.
Поради одлуката на градоначалникот на Родос, Александрос Колијадис, училиштата утре нема да бидат отворени на тој остров.
Фото: ЕПА

