Регион
Моника сведочеше пред полицијата: Тој ме потстрижуваше, ме мачеше и ме тепаше
„Тој ме потстрижуваше, ме мачеше и ме тепаше. Ми рече дека полицијата ќе нè убие и двајцата. Ме тераше да пешачам пет или шест часа и ме потстрижуваше малку по малку. Ми правеше лоши работи. Постојано ми велеше дека полицајците нема да го уапсат само него, туку и мене“, сведочи 12-годишната Моника од околината на Ниш којашто девет дека помина во заложништво на осуден силувач, кој е во бегство.
„Ме мачеше секој ден. Ми кажуваше дека полицајците ќе нè убијат и двајцата ако нè фатат. Бев многу исплашена“, им раскажа на полицајците Моника Каримановиќ (12), која беше киднапирана на 20 декември од Нинослав Јовановиќ, познат како „малчански бербер“, пишува Новости.рс.
По девет дена ропство, девојката им кажала наполицајците за деталите за нејзиното киднапирање и открила дека Јовановиќ ја пресретнал на улица на патот кон училиште во Брзи Брод. Тој ја носел заедно со него во претходно подготвени селски куќи и напуштени викендички во селата меѓу Ниш и Књажевац.
„Додека одев на училиште, тој го запре автомобилот до мене и ми рече дека се изгубил, затоа што патот бил затворен за изградба извесно време. Тој ми рече дека добил работа во училиштето како домар. Ме замоли да влезам во автомобилот, да му покажам како да стигне до училиштето затоа што и тој оди натаму. Меѓутоа, штом влегов во автомобилот, тој ме возеше до гробиштата, а потоа ме однесе во шумата“, рекла Моника пред полицијата.
Монструмот потоа и ја поскратил малку косата, по што започнала страшната физичка и психичка тортура.
Јовановиќ десет дека ја плашел со полицијата, поради што Моника кога ги видела полициските службеници кои дошле да ја спасат, била многу исплашена. Таа во паника им викала „Не тепајте ме, ве молам … Јавете се кај мајка ми …“.
Јовановиќ бил забележан во неделата во селото Пасјача во Зворник, каде се криел во напуштена куќа. Сопственикот на куќата, Емил Живковиќ, вели дека тој ден решил да помине со неговиот син во Пасјак за да види дали е сè во ред со викендичката.
„Ја видовме отворена вратата на куќата и слушнавме дека има некој горе, па ја повикавме полицијата. Сепак, монструмот скокна од прозорецот, па го прескокна тремот и почна да бега. Мојот син викна дека има пиштол, иако тоа не беше вистина, обидувајќи се да го исплаши манијакот, но овој викна дека има и тој и побегна. Полицијата пристигна по кратко време и ја најде киднапираната девојка на горниот кат. Таа беше исплашена, смрзната, гладна“, рече Живковиќ.
Стотици полицајци ја продолжуваат потрагата по киднаперот. Откриени се дури 12 локации на потегот од Књажевац до Ниш каде што педофилот криел храна и вода.
Александра Каримановиќ, мајка на Моника, рече дека нејзината ќерка се чувствува добро и спиела преку ноќ.
„Спиев со неа и не сакав да ја мачам со прашања за тоа што се случило. Моника беше премногу уморна, заспа брзо и спиеше цела ноќ. Се чувствува добро. Таа се распрашува за татко ѝ, брат ѝ, пријатели од училиште “, вели Александра.
Според неа, Моника комуницира со лекарите и медицинските сестри сосема нормално.
„Таа е мојата лавица, таа е похрабра од мене трипати. Разговара со лекарите, свесна е за сè, измачена е, но ќе закрепне“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Регион
(Видео) Објавени снимки од последните денови пред трагедијата поврзана со култ во Бугарија
Бугарската полиција и обвинителството денес презентираа детални информации за трагичниот случај со шест жртви во областа Петрохан – Околчица поврзани со култ.
Беше потврдена и образложена информацијата дека за мртвите мажи, пронајдени на 2 февруари кај хижата „Петрохан“, станува збор за самоубиство, а за телата пронајдени подоцна во кампер под врвот „Околчица“ – за убиство проследено со самоубиство, јави „Њуз.бг“.
На брифингот беа претставени снимки од шест камери, кои органите на прогонот ги споделија со медиумите. Станува збор за видеа од 31 јануари, 1 и 2 февруари 2026 година. Снимките се од надворешниот дел на панинарската куќа и приодот – од синџир во регионот, патот и крстосницата во близина, рампата, паркингот и задната порта на објектот.
Стана јасно дека дел од камерите снимале само при детектирано движење. На една од снимките се слушаат истрели во самата колиба, при што се гледа и пожарот во објектот. На 2 февруари веќе нема траги од луѓе и возила во периметарот на колибата.
На некои од снимките се гледа и секојдневието на ренџерите, како и пристигнувањето или заминувањето на џиповите што ги користеле. Кадрите прикажуваат и ритуал, во кој учесниците клекнуваат и се поклонуваат до земја, упатувајќи благодарности и молитви.

