Свет
Норвешка целосно ги затвора границите поради новите мутации на коронавирусот

Од четврток на полноќ Норвешка ќе ги воведе најстриктните правила на својата територија од 12 март. Како што најави премиерката Ерна Солберг на прес-конференција, границата ќе биде затворена за сите што не живеат во Норвешка.
Сепак, ќе има исклучоци за здравствени работници кои доаѓаат од Шведска и Финска, како и за превозници на стоки. Меѓу исклучоците се вклучени и работниците за одредени бранши и странските новинари, но не и спортистите кои треба да учествуваат на скијачки натпревари во следните недели. Норвешка не е членка од ЕУ, но е дел од шенген-зоната. Мерките ќе бидат разгледани повторно по две недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Британскиот министер: Нема договор меѓу Британија и Франција за примирје

Британскиот министер за вооружени сили изјави дека нема договор меѓу Обединетото Кралство и Франција за предложениот едномесечен прекин на огнот во Украина, и покрај извештаите во медиумите.
Запрашан за планот, кој францускиот претседател Емануел Макрон го спомена во интервју за француски весник во неделата, Лук Полард изјави за Би-Би-Си Breakfast: „Тоа не е план што го препознаваме во моментов“.
Тој додаде дека „зад затворени врати се разговара за повеќе различни опции“.
Нагласи дека најважно е да се смисли план кој ќе овозможи траен мир „што е можно поскоро“.
Полард, исто така, истакна дека САД се клучен сојузник на Велика Британија и ќе стојат покрај нив, нагласувајќи ги „силните одбранбени врски“ меѓу двете земји.
Изјавата доаѓа откако британскиот премиер Кир Стармер организираше самит на европските лидери за да разговараат за постигнување мир во Украина, само два дена по драматичната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон.
Свет
(Видео) Трамп го пушти полскиот претседател да чека час и половина: „Тоа беше понижување“

Полскиот претседател Анджеј Дуда по секоја цена сакаше да биде првиот европски државник што ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп. Двајцата имаа блиски односи од првиот мандат на Трамп (2017-2021), за време на кој Дуда имаше ексклузивен пристап до американскиот претседател. Дури и за време на изборната кампања во 2024 година, Дуда демонстративно го посети Трамп.
Но, последната посета на Дуда на САД се претвори во фијаско. Трамп го држеше својот полски гостин да чека час и половина во сабота, 22 февруари 2025 година, по што посвети помалку од десет минути на разговор. Средбата не се одржа во Белата куќа, туку на маргините на Конференцијата за политичко дејствување (CPAC) во близина на Вашингтон.
Телевизиските камери во живо пренесуваа снимки од Дуда како нетрпеливо го чека во ВИП салонот американскиот претседател. Потоа, полскиот претседател од првиот ред го поздрави говорот на Трамп во CPAC. Трамп го нарече Дуда „фантастичен човек“ и го пофали за фактот дека 84 отсто од Полјаците кои живеат во САД гласале за Трамп.
🔴 US President #Trump kept Polish President Duda waiting at the door for 1.5 hours before meeting with him for just 10 minutes. pic.twitter.com/0K0L2ZfZDy
— Defence Türkiye En (@defencetr_en) February 24, 2025
Но, разликата во однос на приемот што францускиот претседател Емануел Макрон го имаше во Белата куќа во понеделникот (24.02) е огромна: гостинот од Париз беше пречекан со полни државни почести, пред камерите и новинарите во Овалната соба. Потоа се одржа заедничка прес-конференција.
„Тоа беше понижување и студен туш за полскиот претседател“, напиша Јацек Нижниевич во весникот „Rzeczpospolita“. Трамп, тврди тој, се однесувал кон Дуда како да е политичар кој ја напушта власта и повеќе нема влијание во својата земја. „Во новиот свет на Доналд Трамп, Полска не е ниту тема, а камоли клучен играч, од американска перспектива“, наведува весникот.
Меѓутоа, на прес-конференцијата по средбата со Трамп, Дуда се обиде да остави впечаток дека посетата била успешна. Тој изјави дека САД планираат да го зголемат, а не да го намалат присуството на своите војници во Полска и дека Трамп му рекол „да не се грижи“, бидејќи Полска е еден од најлојалните сојузници на Америка, пренесува Дојче веле.
Дуда избегна каква било критика кон Трамп. А неговиот шеф на кабинет Марчин Масталерек по враќањето од Вашингтон изјави: „Постигнавме се што сакавме“. Тој тврдеше дека средбата била „многу добра“. Во одбрана на Дуда застана и Јарослав Цвиек-Карпович, директор на Полскиот институт за меѓународни односи, кој нагласи дека средбата е важна бидејќи „со Трамп секоја секунда е важна“.
Свет
Повредени патници на лет кон Хјустон, авионот поминал низ силни турбуленции

Најмалку пет патници на летот на „Јунајтед ерлајнс“ за Хјустон се повредени синоќа кога авионот наишол на силни турбуленции, што го принудиле да слета неочекувано, објави денеска „Њујорк пост“.
Авионот, со 29 патници и тројца члена на екипажот, полетал од Спрингфилд, Мисури, но поради турбуленции, бил пренасочен кон регионалниот аеродром „Вако“, изјави координаторот на Канцеларијата за управување со вонредни состојби во округот Мекленан, Рајан Диркер.
Петмина повредени патници се пренесени во блиската болница со повреди што не се опасни за животот.
„Скај вест“, кој го реализира летот, соопшти дека авионот безбедно слетал откога навлегол во турбуленции.