Македонија
Османи: Време е со комбинација на помеки мерки да го замениме полицискиот час
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во улога на Главен координатор на општинските кризни штабови оствари посета на Центарот за јавно здравје во Скопје, каде се сретна со директорот Арбен Зибери.
За време на средбата вицепремиерот Османи и Зибери разговараа за состојбата во борбата против Ковид-19, како и за предизвиците коишто произлегуваат од секојдневната борба со истата.
Османи изрази благодарност до Зибери, но и до целиот тим на Центарот за целокупниот нивен ангажман и посветеност во борбата против Ковид-19, при што констатираше дека Центарот беше еден од клучните столбови во борбата против пандемијата.
„Време е со паметна комбинација на меки мерки да ги замениме полицискиот час и затварањето на бизнисите”, истакна Османи при што и во оваа прилика уште еднаш посочи на задолжителното носење на маски и физичкото дистанцирање како меки мерки кои би го замениле полицискиот час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

