Македонија
По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон
По 33 години постоење, згасна охридскиот атлетски маратон. Ова го потврди досегашниот организатор Пецо Неданов, кој на „Фејсбук“ објави дека Меѓународниот охридски атлетски маратон нема да продолжи во 2020 година.
„Со големо жалење морам да ги известам сите љубители на маратонското трчање дека, дефинитивно, традицијата на Меѓународниот охридски атлетски маратон нема да продолжи во 2020 година. Со години се боревме и покрај сите недоразбирања за наталожените проблеми да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години.
Во 2020 требаше да биде 34. по ред, но очигледно нашата желба и покрај минусните салда што ги правеше маратонот упорно да ја продолжуваме традицијата, некои ја сфаќаа погрешно во смисла дека ние имаме интерес и затоа ја продолжуваме традицијата.
Со последното годинешно издание бев принуден лично да го финансирам поголемиот дел од трошоците, а најголемиот дел од нив ми се врати речиси 90 дена по завршување на маратонот, но одредени трошоци останаа неисплатени поради намалената сума од предвидената. Се извинувам, но не сум во состојба тоа да го правам повторно. Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да ни помогнат за наредното 34. издание, но никој ништо не одговори.
Треба ли по два или трипати да го правиме тоа и да добиваме празни ветувања, е па се изморивме од тоа. Затоа, дефинитивно, ова е крај на оваа традиција, а да даде Господ некои ентузијасти како нас по 10-годишна (или дај боже пократка) пауза, пак ја продолжат традицијата. Ова е маратонот на нашата младост, на првите членови на АК „Охрид“ и секако дека има многу големо значење за нас, но без поддршка на институциите, за жал, мора да згасне.
Сметавме дека по примерот на европските и светските метрополи, и град Охрид ќе се гордее со еден ваков традиционален настан и ќе настојува да ја продолжи оваа долга традиција, но ниту тие ниту државата не застана со свој дефинитивен став зад оваа традиција, која сите овие години од 2004 е заснована само на ентузијазам и љубов на одредени членови кон атлетиката и маратонското трчање.
Длабоко им се извинувам на сите маратонци кои се заљубени во оваа трка и кои едвај го чекаат наредното издание како од земјава така и од соседните земји, се надевам дека некој ќе се свести и нема да дозволи да згасне оваа традиција, а дотогаш ви посакувам лесни нозе и уште многу успешни маратонски трки“, објави Пецо Неданов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

