Македонија
Пронајдени 44 мигранти сокриени во куќа во Ваксинце

Вчера во 06.40 часот, полициски службеници од Полициско одделение Матејче, презеле мерки за пронаоѓање на Ф.Ќ. во неговиот дом во селото Ваксинце бидејќи имало распишано потерница за негово апсење за издржување казна затвор.
Тој не бил пронајден дома, но во помошните простории во неговиот дом, при преглед биле пронајдени 44 лица мигранти (25 од Пакистан, 14 од Авганистан, три од Бангладеш и две од Сомалија). 16 од пронајдените мигранти се малолетни лица. Бил извршен увид и за настанот бил известен и јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авио компании“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови. Можеби таа пасија доаѓа од прикажните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авио компанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сеуште постојат во една од постоечките авио компании“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чива била сопственоста и како нивниот се уште неформален лидер стасал до авио компанија во Индија?
Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај? И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авио компании?
Од СДС нека си проверат, и нека одговорат, ќе ги поочекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Трендафилов ги манипулира работниците, отвара теми на кои СДС, ДУИ и Левица се лепат со предлози и наводни решенија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов е испостава на СДС, Левица и ДУИ. Слободат Трендафилов не е никаков синдикалец, тој спроведува политики усогласени со, јавно необјавената, опозициската коалиција СДС-ДУИ-Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ССМ под водство на Трендафилов, нема свое автентично делување за заштита на работничките права, туку следи насоки дадени од опозициjaта.
Наместо на синдикално делување, Трендафилов свесно се стави во канал на партиско делување и одработување за СДС, ДУИ и Левица, а работниците и членовите на ССМ ги манипулира.
Но, тие се прочитани и нивниот план е разобличен и осуетен.
Иако коалицијата сеуште ја кријат, јавноста многу добро знае дека СДС, ДУИ и Левица имаат премолчена коалиција, а тоа се гледа и во нивните јавни настапи и координирани теми за прес-конференции и партиски соопштенија.
Затоа прашуваме, Слободан Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со опозицијата на чело со СДС и со кого се координира пред секој јавен настап?
Повикуваме, Трендафилов да престане да ги лаже работниците и јасно да каже, дали СДС, ДУИ и Левица му кажале да излезе со илузорни барања, за потоа да се налепат на темата со прес-конференции?
Исто така, Трендафилов да каже дали самите работници го осуетиле и го разоткриле планот на СДС, ДУИ и Левица кој тој го спроведува, па цела недела порано опозициската коалиција се приклучила со наводни предлози и решенија?
Паниката од разобличувањето на нивното усогласено координирање е голема и ка Слободан Трендафилов и кај СДС, ДУИ и Левица. Тоа може да се види од внатрешното делување во ССМ и промените на Статутот кои се прават на секој месец два, како и од хистеријата што оваа коалиција секојдневно ја креира.
Кај Слободан Трендафилов нема ни трошка грижа за работничките права, тоа е само глума пред јавноста и лажење на синдикалците, одработувајќи и отворајќи им теми за партиско делување на очајната опозициска коалиција составена од СДС, ДУИ и Левица.
Нивниот план е откриен, а делувањето прочитано, затоа ќе продолжиме со разобличувањето на Трендафилов и неговата поврзаност со опозициската коалиција СДС, ДУИ, Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта а да нема за минимална плата за работниците

„Владата на Христијан Мицкоски се луксузира на грбот на народот, изнајмува приватни авиони, нарачува егзотични овошја, додека за работниците, кои едвај врзуваат крај со крај, власта вели дека нема пари. Мицкоски ги понижува работниците. За владата има луксузни овошја, луксузни патувања, луксузни возила додека работниците не можат леб, јајца, млеко и месо да обезбедат за своите семејства преку цел месец. Не може да има пари за авиони, папаја и манго за владата а да нема пари за поголеми плати за работниците“, велат од СДСМ.
„Животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените се покачени, за да се покрие основната синдикална кошничка се потребни веќе 3 минимални плати. Најмалку што заслужуваат работниците е фер минимална плата од 500 евра за достоинствен живот, но оваа власт дури и тоа го доведува во прашање. Парите од буџетот мора да бидат наменети за граѓаните“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„Што им е работа на министрите и на премиерот освен да најдат пари за поголеми плати на работниците? Па имаат историски најголем буџет од 6 милијарди евра како може да нема за работниците? Наместо расипничко трошење, власта треба да обезбеди пари за зголемување на минималната плата, подобрување на условите за работа и унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани. Работниците заслужуваат достоинствен живот, а не беда и понижување“.