Македонија
Регистрирани 137 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица
Во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 64, Куманово – 7, Штип – 19, Прилеп – 1, Тетово – 7, Струга – 14, Велес – 1, Битола – 2, Охрид – 5, Гостивар – 6, Радовиш – 2, Крушево – 1, Демир Хисар – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје – 41, Штип – 10, Тетово – 11, Струга – 25, Велес – 3, Охрид – 36, Гостивар – 5.
Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години.
Во Институтот за белодробни заболувања „Козле“ почина 81-годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.547, бројката на оздравени пациенти е 5.071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034. Од вчерашните тестирања, два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4413, активни 1909
• Куманово 940, активни 252
• Дебар 175, активни 112
• Штип 659, активни 333
• Прилеп 313, активни 56
• Тетово 962, активни 297
• Струга 391, активни 184
• Велес 209, активни 27
• Битола 96, активни 51
• Охрид 250, активни 99
• Кавадарци 32, активни 18
• Гостивар 321, активни 207
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 31, активни 22
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 28, активни 23
• Крушево 14, активни 9
• Кочани 90, активни 22
• Пробиштип 46, активни 29
• Демир Хисар 19, активни 17
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 205, активни 190
• Кичево 105, активни 86
• Ресен 141, активни 57
• Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1437 теста се преку: ИЈЗ-410, ЦЈЗ Скопје – 29, Авицена – 136, Биотек-158, МАНУ – 135, Жан Митрев (Филип Втори) – 322, Систина со PCR-метода -164, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 59, Инфективна клиника – 5, ГАК – 7. Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

