Македонија
(Видео) Редовни контроли за пациентите со хемотерапија – лекарите издадоа упатства за лицата со малигни заболувања
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ги информира пациентите дека установата функционира непречено и во услови на Ковид-19, поради специфичноста на малигните заболувања. Пациентите кои примаат хемотерапија и имунотерапија треба да се јават на редовниот закажан термин, како и пациентите со радиотераписки третман. Воедно, препорачливо е таблетарната терапија да ја подигне член на семејството на пациентот.
Совети за пациентите во услови на Ковид-19
– Пациентите да носат маска и ракавици при влез во просториите на клиниката, а доколку немаат маска и ракавици тие ќе им бидат обезбедени од страна на клиниката.
– Доколку имаат покачена телесна температура, треска и тешкотии при дишењето да не доаѓаат на закажаната контрола, хемотерапија или зрачна терапија на клиниката, туку да се јават кај својот матичен лекар и да го известат за својата состојба.
– Пациентите додека престојуваат во чекалните треба да држат дистанца од најмалку 1,5 метар од другите пациенти кои се во чекалната.
– Пациентите и нивната придружба да не влегуваат во просториите на клиниката без да бидат повикани.
– Да го известат медицинскиот персонал кој е непосредно вклучен во давање на онколошката нега доколку имаат познат случај во нивната непосредна близина кој е позитивен на КОВИД-19.
Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија обезбедува и психолошка поддршка за пациентите со онколошки заболувања, за која може да се обратите на следните телефонски броеви:
• Доктор од ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, во периодот од 10.00 до 12.00 часот на телефон 078/364-629
• Претседателка на комора на психолози, Мирјана Јовановска-Стојановска од 12.00 до 17.00 часот на телефон 070/233-453
• Психолог Александра Стефановска од 15.00 до 18.00 часот на телефон 071/218-050
• Психолог Елена Ѓорѓевска од 17.00 до 20.00 часот, на телефон 078/494-973
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.
ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.
Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Во сабота ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.