Свет
Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација
Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот коронавирус „спутник V“, објавија руските власти.
На прашањето на АФП од СЗО велат дека поднесоците за претходна селекција или регистрација во итни постапки се доверливи.
Русија е една од првите земји во светот што побара од СЗО да ја претквалификува својата вакцина против новиот коронавирус, соопштија руските власти.
„Во контекст на пандемијата, забрзаното регистрирање на вакцината според процедурата (СЗО) ќе ја направи руската вакцина достапна за сите побргу отколку со конвенционалните процедури“, се додава во соопштението. СЗО истакнува дека ако се смета оти производот доставен на процена е во согласност со критериумите за вклучување во списокот, СЗО ќе го објави.
„Успешната претходна селекција ќе овозможи вакцината ‘спутник V’ да се вклучи во списокот на лекови што земјите ги користат за набавка наголемо“, соопшти СЗО. Но, досега, забележува СЗО, „некои вакцини против Ковид-19 не се преквалификувани ниту, пак, е објавен список за итни случаи“.
Русија на почетокот на август рече дека е прва што развила и регистрирала вакцина против болеста Ковид-19. Вакцината е изработена од московскиот истражувачки центар „Гамалеја“ при Министерството за одбрана. Во Русија регистрацијата кај властите претходи на последната фаза на клинички испитувања.
Вакцината, наречена „спутник V“ според првиот вештачки сателит во историјата изграден од Советскиот Сојуз, беше примена со скептицизам, особено затоа што во времето на нејзиното постоење сè уште не ја поминала последната фаза на клинички испитувања. Сепак, голем дел од руската политичка елита изјави дека биле вакцинирани, а Владимир Путин го наведе примерот на една од неговите ќерки. Владата се надева дека ќе ја дистрибуира вакцината масовно во земјата во следните месеци.
Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија ја регистрирала својата втора вакцина против коронавирусот. Во последните неколку недели во Русија се забележува големо ширење на епидемијата. Земјата е рангирана на четвртото место во светот според бројот на случаи со вкупно 1.547.774 заболени лица и 26.589 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

