Свет
САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании, американското Министерство за трговија на САД донесе нова одлука, со која им се дава одобрение на американските компании да продолжат да работат со „Хуавеј“ во следните три месеци во обид да ограничат последици од извозни ограничувања за кинескиот производител на телекомуникациска опрема.
Со лиценцата се намалуваат претходно наметнатите ограничувања на американската влада да забрани продажба на технологии од кинескиот „Хуавеј“. Привремената дозвола ќе трае до 19 август.
Од 16 мај стапи во сила наредбата на американската администрација, со која кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј технолоџис“ се става на црната листа во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат право на надомест на штета, пишува Гардијан.
Според новите планови, патниците на кратки летови ќе треба да бидат задржани најмалку четири часа за да можат да побараат надомест. За долги летови, доцнењето ќе треба да биде најмалку шест часа. Според сегашните ЕУ правила, патниците можат да бараат надомест ако нивниот лет доцни повеќе од три часа.
Земјите од ЕУ, исто така, се согласија да го зголемат износот на надоместокот за оние што доцнат на летовите на кратки релации од 250 евра на 300 евра, но планираат да го намалат надоместокот за летовите на долги релации од 600 евра на 500 евра.
Измената на правата на патниците во воздушниот сообраќај на ЕУ првично беше предложена во 2013 година од страна на Европската комисија. Потребни беа 12 години преговори за земјите-членки да постигнат договор за промени во временската рамка за надомест, а плановите сè уште треба да се преговараат со Европскиот парламент пред да стапат во сила.
Европската организација за заштита на потрошувачите (BEUC) соопшти дека овој план ќе ги лиши „голем дел од патниците од нивното право на надомест“, бидејќи најголем дел од доцнењата се меѓу два и четири часа.
Индустриското здружение Airlines for Europe (A4E), исто така го осуди планот бидејќи тие бараа времето на доцнење за надомест да биде уште поголемо.
Првичниот план на Европската комисија предвидуваше зголемување на времето за надомест на пет часа за кратки летови и девет часа за долги летови.
Свет
(Видео) По 30 часа, заврши ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Вулканот Фуего, оддалечен околу 35 километри од главниот град на Гватемала, престана да еруптира по повеќе од 30 часа, објави Институтот за сеизмологија на Гватемала.
Во соопштението се наведува дека „активноста на вулканот Фуего значително се намалила“ и дека „ерупцијата може да се прогласи за завршена“, пренесува Анса.
За време на ерупцијата, која започна во среда навечер, чад и пепел се издигнаа од кратерот на висина од над 7.000 метри и се формираа „струи“ составени од жешки гасови, пепел и парчиња лава кои се спуштија по падините, предизвикувајќи евакуација на околу 800 луѓе.
Вулканот Фуего, со висина од 3.763 метри, е еден од најактивните во Централна Америка, а за време на неговата ерупција во 2018 година загинаа 194 лица, додека повеќе од 200 луѓе никогаш не беа пронајдени.
Свет
Кремљ ја коментира вербалната војна Трамп – Маск

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се сомнева дека контроверзноста меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск ќе има какво било влијание врз решавањето на украинската криза.
Зборувајќи на прес-конференција во Москва, Песков одби да коментира за вербалните судири меѓу Трамп и Маск, опишувајќи ги како „внатрешна работа на Соединетите Американски Држави“.
„Претседателите на државите се истовремено вклучени во огромен број различни прашања, повеќе или помалку важни“, рече Песков, додавајќи дека „шефовите на државите имаат доволно време за сè“.
Тој, исто така, не се согласи со описот на војната во Украина од страна на Трамп како „детски борби“.
„За нас, ова е егзистенцијално прашање, прашање на нашите национални интереси, нашата безбедност, нашата иднина и иднината на нашите деца, иднината на нашата земја“, нагласи Песков.