Свет
Трамп: Елиминиран е и наследникот на Багдади

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека е елиминиран и наследникот на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади, кој викендот беше убиен во операција на американските војници во Сирија.
„Само што добив потврда дека американските сили исто така го елиминираа заменикот број еден на Багдади. Тој многу веројатно го презеде водството. Меѓутоа, и тој е мртов“, објави Трамп на Твитер.
Тој не го наведе идентитетот на лицето ниту околностите на неговата смрт. Засега не е јасно дали Трамп мислеше на смртта на портпаролот на ИД. Курдските сили претходно соопштија дека при напад во северниот дел на Сирија убиен е Абу Хасан ал Мухаџир, десната рака на Ал Багдади и портпарол на ИД.
Трамп во неделата објави дека Ал Багдади е убиен во операција на американските сили во сириската провинција Идлиб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Волстрит журнал“ објави дека американскиот претседател одобрил планови за напад врз Иран; Трамп: Тие немаат поим!

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот во „Волстрит журнал“ дека одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од издавање конечна наредба.
„Си-би-ес њуз“ вчера објави слични информации.
Трамп се огласи на својата сметка на социјалните мрежи „Трут Соушл“ за накратко да каже: „’Волстрит журнал’ нема поим какви се моите мисли за Иран!“
Европа
Шпанскиот премиер му пиша на шефот на НАТО: не сака да троши 5 проценти од БДП за одбрана

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да го исклучи од својата цел за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП, според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое Ројтерс имал увид.
Санчез побара „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или ќе ја ослободи Шпанија од неа.
„Посветувањето на целта од 5 проценти не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно, бидејќи дополнително би ја оддалечило Шпанија од оптимално трошење и би ги нарушило сегашните напори на Европската унија за зајакнување на нејзината безбедност и одбрана“, напиша Санчез во писмото.
Тој додаде дека новата цел, предложена од САД, е „некомпатибилна со шпанската држава на благосостојба и шпанскиот поглед на светот“. „Мадрид проценува дека ќе треба да потроши 2,1 процент од својот БДП за да ги задоволи воените потреби на Шпанија“, рече Санчез.
Свет
Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти самитот на Г7 оваа недела порано од планираното, бидејќи беше лут на францускиот претседател Емануел Макрон и бидејќи не беше заинтересиран да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди „Фајненшл тајмс“.
„Фајненшл тајмс“ истакнува дека НАТО го скрати претстојниот самит на лидерите во Хаг на само една работна сесија за да избегне повторување на предвременото заминување на Трамп, што се случи за време на самитот на Г7 оваа недела во Канада.
Трамп рече додека го напушташе самитот: „Морам да се вратам порано од очигледни причини“.
„Луѓето запознаени со дискусиите рекоа дека неговата одлука да замине е последица на тоа што го изиритира Емануел Макрон, кој го посети Гренланд и се спротивстави на плановите на Трамп да ја преземе контролата врз островот, како и на недостатокот на интерес на американскиот претседател да се сретне со украинскиот лидер“, објавува „Фајненшл тајмс“.
Откако Трамп го напушти самитот, Макрон рече дека Трамп заминал за да работи на прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Сепак, одговорот на Трамп наскоро пристигна.
„Францускиот претседател Емануел Макрон, кој бара публицитет, лажно тврдеше дека го напуштив самитот на Г7 во Канада за да се вратам во Вашингтон за да работам на „прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран. Погрешно! Нема поим зошто сум на пат кон Вашингтон сега, но тоа сигурно нема никаква врска со прекин на огнот. Тоа е многу поголемо од тоа. Без разлика дали е намерно или не, Емануел секогаш греши“, напиша Трамп.