Свет
Трамп предложи рекорден буџет од 4.700 милијарди долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи рекорден буџет од 4,7 милијарди долари за претстојната буџетска година.
Агенцијата АП наведува дека предлогот што шефот на Белата куќа го изнел синоќа предвидува нагло намалување на домашните трошоци, поголемо финансирање на Пентагон, како и 8,6 милијарди долари за ѕидот на границата со Мексико, што го осмисли Трамп.
Се наведува дека лидерите на демократите веднаш го отфрлиле планираниот буџет. Но, според процената на АП, се најавува уште една жестока борба, само неколку недели по онаа што доведе до делумна блокада на федералната влада, која траеше 35 дена. Тоа беше најдолгата блокада на федералната влада во историјата на САД.
„Ројтерс“ оценува дека буџетот на Трамп најверојатно ќе умре во Конгресот, но ќе живее во неговата кампања за реизбор во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Авантуристи од БиХ киднапирани во Мали ослободени по два месеца
Двајца државјани на Босна и Херцеговина, кои исчезнаа во африканската земја Мали пред речиси два месеца, се живи и здрави и набргу треба да се вратат кај своите семејства, објавија локалните медиуми во Босна и Херцеговина.
Марио Кокоруш и Марин Петровиќ, двајца авантуристи кои патувале во многу други земји пред Мали, според достапните информации, исчезнале на почетокот на септември и се претпоставувало дека биле или уапсени од владините сили во Мали или киднапирани од една од бунтовничките групи.
Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (OSA) се приклучија во потрагата по нив, но досега нема информации од официјални извори за нивната судбина.
Повеќето медиуми во Босна и Херцеговина денес споделија објава од фејсбук-страница од нивниот познајник Кристијан Иличиќ, исто така авантурист и светски патник, кој тврди дека потрагата вродила со плод, па Кокоруш и Петровиќ набргу би требало да бидат слободни.
„Тие во моментот се безбедни и на пат кон главниот град на Мали и набргу ќе се вратат кај своите семејства“, напиша Иличиќ.
Тој објасни дека на барање на сопругата на еден од исчезнатите мажи се заинтересирал за нивната судбина преку своите врски во Мали и така открил дека биле киднапирани за време на вооружен напад заедно со возачот.
Иличиќ тврди дека џихадистичката група JNIM, разгранок на Ал каеда што работи во Мали, стои зад инцидентот, а не е јасно што се барало во наводното киднапирање и зошто биле ослободени.
Кокоруш, кој има докторат по електротехника, покрај државјанството на БиХ, има и германски пасош, а Петровиќ има и хрватски пасош и е професор на Машинскиот факултет во Сараево.
Свет
Најстариот претседател во светот освои нов мандат, осми по ред
Пол Бија (92), претседателот на Камерун и најстар лидер во светот, е повторно избран на функцијата откога освои 53,66 проценти од гласовите на претседателските избори.
Официјалните резултати беа објавени утрово од Уставниот совет, со што се потврдува осмиот мандат на Бија како шеф на државата, објави „Франција 24“.
Ривалот на Бија, поранешниот министер Иса Чирома Бакари, се најде на второто место со 35,2 проценти од гласовите.
Интересно е што Чирома прогласи победа против актуелниот претседател само два дена по изборите на 12 октомври, но официјалните резултати покажаа поинаков исход.
Фото: ЕПА
Свет
„Веднаш пронајдете засолниште“: доаѓа Мелиса, најсилниот ураган во историјата
Ураганот Мелиса бргу се засили во текот на викендот и сега достигна статус од категорија 5 со ветрови од 160 километри на час. Националниот центар за урагани (NHC) предупредува дека Мелиса ќе ја погоди Јамајка во вторник како најсилниот ураган што некогаш го погодил островот.
Озлогласениот рекорд претходно го држеше ураганот Гилберт во 1988 година, кој имаше ветрови до 210 километри на час. Мелиса се формира како група грмотевици покрај западниот брег на Африка, потоа го премина Атлантикот и се разви во тропска бура северно од Венецуела на 21 октомври.
Се очекуваат од 380 до 760 милиметри дожд, а некои области на јужен Хаити и Јамајка би можеле да добијат повеќе од 1.000 милиметри. Ураганот се движи многу бавно, со брзина од само неколку километри на час, што го зголемува ризикот од долгорочно уништување.
„Побарајте засолниште сега“, соопшти NHC во недела наутро. „Штетните ветрови и обилните врнежи од дожд во текот на неделата и понеделникот ќе предизвикаат катастрофални поплави и многубројни лизгања на земјиштето пред да пристигнат најсилните налети на ветер в понеделник навечер и во вторник наутро“.
Мелиса веќе носи обилни дождови и тропски бури на Хаити, каде што се очекуваат поплави и лизгања на земјиштето, со потенцијално смртоносни последици, објавува Си-ен-ен.
Според најновите извештаи, најмалку три лица загинаа на Хаити, а четвртото во Доминиканската Република, каде што уште едно лице е исчезнато. Мелиса моментно се движи над невообичаено топлите океански води, потопли од просекот за ова време од годината, што дополнително го поттикнува и зајакнува ураганот. Топлите океански води поттикнуваат силни грмотевици и нагорни струења поради што Мелиса развила јасно, добро дефинирано око, знак дека станува збор за целосно формиран и многу моќен систем.
Симптомолозите предвидуваат дека Мелиса ќе ја задржи својата деструктивна моќ и ќе се движи многу бавно кон Карибите во следните неколку дена зголемувајќи го ризикот од долгорочни поплави и уништување. Потоа Мелиса би можела да ја погоди југоисточна Куба, каде што се очекуваат слични количини врнежи од вторник навечер до среда. Фактот дека овој ураган е невообичаено бавен е дополнителен проблем.
„Ниедна област нема да биде поштедена од разорната моќ на овој ураган“, рече Томпсон од Метеоролошката служба на Јамајка во саботата. „Бурата ќе остане над истата област носејќи обилни врнежи од дожд додека едвај се движи, што е сериозен предизвик, под услов прогнозите да се остварат“, предупреди тој.
Фото: принтскрин

