Контакт

Македонија

Транспаренси: Македонија најлошо рангирана досега во борбата против корупцијата

Објавено пред

Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) за 2020 година објавен денес од Транспаренси интернешнл открива дека корупцијата придонесува за уназадување на демократијата и влошување на состојбата со здравствените системи поради пандемијата предизвикана од Ковид-19. Државите кои се рангирани добро според индексот, инвестираат повеќе во здравството, се поспособни да обезбедат универзално здравствено осигурување и е помалку веројатно да ги повредат демократските норми и институции или владеењето на правото.

dobivaj vesti na viber

Оваа година ИПК 2020 го бележи најнискиот резултат и најниското рангирање на Македонија на Индекстот за перцепција на корупцијата од 2001 година кога првпат бевме рангирани. Оваа година, со непроменет број на поени од минатата 2019 година (35), Македонија се наоѓа на 111. место од вкупно рангирани 180 држави.

Според претседателката на УО на Транспаренси интернешнел, Делија Фереира Рубио „Ковид-19 не е само здравствена и економска криза. Тоа претставува и корупциска криза. Криза со којашто не успеваме да се справиме“. „Минатата година ги тестираше владите како ниту една претходно, и тие со поголеми степени на корупција се помалку способни да се справат со предизвикот. Но, дури и тие коишто се наоѓаат на врвот според ИПК мора итно да ја зајакнат својата улога во борбата против корупцијата на национално и меѓународно ниво“, вели таа.

За формирање на резултатот користени се податоците од 7 истражувања спроведени во последните две години. Значи станува збор за нови истражувања спроведени во 2019 и 2020 година, од релевантни организации и на основа на утврдена и проверена методологија. Притоа не се забележани големи осцилaции во однос на бодувањето од минатата година.

Позначителна осцилација во намалување на индексот од истражувањата се забележува кај индексот на World Justice Project Rule of Law Index, кој ја анализира состојбата во судството и владеење на правото, каде е забележан пад од 2 индексни поени, како и помала осцилација кај Freedom House, за 0,5 поени.Според Слаѓана Тасева, претседателка на ТИ-Македонија, ова укажува на тоа дека сè уште треба да се засилат и да се преземат поконкретни активности кои ќе дадат видливи резултати во: намалување на корупцијата и зголемување на ефикасноста на судството, зајакнување на активностите за спроведување на ефикасна борба против корупцијата, а посебно високата корупција која останува недопирлива за органите за прогон и за правдата, зајакнување на постапките за конфискација и враќање на она што е украдено од граѓаните, како и во обезбедување на поголема транспарентност на институциите, кои во услови на коронавирус беа речиси недостапни за граѓаните целосно напуштање на политичките влијанија и пазарења во постапките за вработувања и обезбедување конкурентност и подеднакви услови за сите при вработувањата, а со цел да се обезбеди ефикасна администрација која ќе биде професионална и компетентна до степен да обезбеди понатамошен развој на државата и континуитет во процесот за интеграција во Европската Унија.

Глобални забелешки

ИПК 2020 рангира 180 држави и територии според перцепирани степени на корупција во јавен сектор, базирајќи се на 13 експертски оценувања и анкети на бизнис-претставници. Користи скала каде што 0 значи високо корумпирани, а 100 многу чисти. Данска и Нов Зеланд се наоѓаат на врвот на индексот со 88 поени. Сирија, Сомалија и Јужен Судан се наоѓаат последни со 14, 12, и 12 поени.

Значајни промени

Од 2012 година, најпочетната точка на споредба според сегашната ИПК методологија, 26 држави значајно ги имаат подобрено нивните ИПК-бодови, вклучувајќи ги Еквадор (39), Грција (50), Гвајана (41), Мјанмар (28) и Јужна Кореја (61). Дваесет и две држави значајно ги намалиле нивните бодови, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина (35), Гватемала (25), Либан (25), Малави (30), Малта (53) и Полска (56). Приближно пола од државите стагнираат на индексот речиси цела декада што покажува недоволни обиди на владите да се справат со причините за корупција. Повеќе од две третини се рангирани под 50.

Ковид-19

Корупцијата е закана за животите на граѓаните, посебно кога е комбинирана со предизвик за јавното здравје. Чистите јавни сектори се поврзани со поголема инвестиција во здравството. Уругвај, на пример, ја има највисоката ИПК-оценка во Латинска Америка (71), инвестира во јавното здравје и има робустен систем за епидемиолошко набљудување, што помогна во справувањето со Ковид-19 и други инфективни болести, како жолтата треска и Зика.
Спротивно, Бангладеш со оценка од само 26 инвестира малку во здравството додека корупцијата цвета за време на Ковид-19 која рангира од мито во здравствените клиники до несоодветна распределба на помош. Корупцијата е исто така присутна и во набавката на медицинска опрема. Државите со повисоки степени на корупција се повеќе подложни на злоупотреба на владеењето на законот и демократските институции за време на кризата предизвикана од Ковид-19. Помеѓу овие држави спаѓаат Филипините (34), каде што справувањето со COVID-19 беше карактеризирано со напади на човековите права и слободата на медиумите.

Со опаѓачки тренд, САД го достигнуваат најлошото рангирање од 2012 година, со 67 бодови. Во надополнување на наводните конфликти на интерес и злоупотреба на јавна позиција, во 2020 година слабиот надзор на 1 трилијони американски долари наменети за справување со Ковид-19 предизвика сериозни загрижувања и претставуваше уназадување на демократските принципи на одговорна влада.

Препораки

Минатата година ги истакна предизвиците на интегритет помеѓу кои и највисокорангираните држави покажаа дека ниту една држава не е слободна од корупција. За намалување на корупцијата и подобро справување со идни кризи, Транспаренси интернешнл препорачува сите влади да ги зајакнат надзорните институции и да обезбедат дека ресурсите се распределени на оние на коишто највеќе им се потребни. Антикорупциските и надзорни институции мора да имаат доволно средства, ресурси и независност во нивното работење, да обезбедат отворени и транспарентни процедури на склучување договори за да спречат несовесно работење, конфликт на интереси и да обезбедат фер цени.Да ја одбранат демократијата и да промовираат создавање граѓански простор за потикнување одговорност на владите и да објавуваат важни податоци и да обезбедат пристап до информации од јавен карактер со што јавноста ќе има лесен и навремен пристап до значајни информации.

Македонија

Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.

dobivaj vesti na viber

Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.

„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.

Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.

Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите

Објавено пред

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.

dobivaj vesti na viber

„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.

Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.

Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија4 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија7 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија7 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија7 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет7 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија8 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија10 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија10 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија10 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија11 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет11 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет11 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет13 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет13 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет13 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет13 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа13 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија20 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...