Македонија
Убиениот Македонец тргнал со детето кон шумата за секс, на крајот завршил убиен и ограбен – бугарските институции со детали
Договор за сексуален однос била основата на убиството на 50-годишниот Македонец Игор Н. на Сончев Брег.
Калојанов од полицијата во Бургас и надзорниот обвинител Иван Кирков објавија детали за тешкото кривично дело извршено од страна на 14-годишниот Михаил.
Веројатно, убиството се случило во саботата, а исчезнувањето на Игор во вторникот наутро го пријавил внук му, со кого дошле заедно да работат за време на летната сезона.
„Истиот ден беше прогласена потрага по него. Полицијата почнала со акции, испрашувала сведоци, гледала снимки од видеокамерите откривајќи дека Игор се движел со малолетник. Кривичните истражители веднаш утврдиле дека се работи за 14-годишниот Михаил Н. Го однеле на распит во РУ Несебар и додека разговарале со него, добиле порака за пронајдено тело. Веднаш била формирана група, се преземаат процесни и истражни дејства за утврдување вмешаност на малолетникот. Во текот на овие дејства утврдено е дека тој е сторителот“, изјави високиот комесар Калојан Калојанов.
Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден. Потоа договориле сексуален контакт. Тие отишле во шумата. По пристигнувањето, почнале превирања. Игор се налутил, го повлекол, во тој момент малолетникот зел дрвен кол и почнал да го удира 50-годишниот Македонец по главата. Го убил со неколку удари, па му ги зел парите – 1.800 лева. Со нив пазарел на Сончев Брег, објасни директорот на ОДМВР Бургас. Недостига и телефонот на жртвата, кој сè уште не е лоциран.
Малиот Михаил има криминално досие, против него се водат и други предистражни постапки – за разбојништво и кражба. Не е познато дали посетува училиште. Тој е од семејство со низок социјален статус.
Обвинителот Иван Кирков објасни дека поради возраста на момчето, максималната казна што може да ја добие е до 5 години затвор. Меѓутоа, доколку обвинението се преквалификува како убиство за стекнување имотна корист, казната може да биде поголема, рече обвинителот Кирков.
Македонскиот државјанин Игор пристигнал на Сончев Брег два дена пред убиството. Работел кај бугарски бизнисмен – тука за време на летната сезона, а во зима – во Банско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

