Регион
Штрајк во училиштата во Хрватска за повисоки плати
Во основните и во средните училишта во Хрватска почна штрајк во кој се очекува да учествуваат повеќе од илјада образовни институции во земјата, откако Владата го одби барањето на двата образовни синдикати за зголемување на платите за 6 отсто.
По вториот круг преговори, Владата не ги задоволи нивните барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работа во образованието од 6,11 отсто и им понуди само 2 отсто.
Штрајкот ќе продолжи секој ден во одредени жупании – до исполнување на синдикалните барања. ,,Владата понуди преку дополнувања зголемување на основата од два проценти на 1 октомври и два проценти на 1 јуни 2020 година. Тоа е неприфатливо за синдикатите и затоа преговорите завршија неуспешно”, рече Бранимир Михалинец од Синдикатот на вработените во образованието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полиција во училиште во Чачак: таткото незадоволен од успехот на ќерката и се заканувал на професорката
Во Основното училиште „Драгиша Мишовиќ“ дошло до инцидент кога, според соопштението добиено од оваа образовна институција, родителот на еден од учениците незадоволен од оценките на своето дете влегол во конфликт со наставникот.
„На закажаното интервју со директорката дојдоа родителите на ученичката која поради три недоволни оценки беше упатена да го повтори 6-то одделение. Пред разговорот со директорот, наставникот имал непријатна средба со нејзиниот татко. За време на разговорот во директорската канцеларија, на кој присуствуваа помошникот директор и секретарката, родителите беа многу незадоволни од одлуката на Одделенскиот совет и побараа истата да се повтори за ученичката да добие уште една доволна оценка за таа не мора да го повторува класот“ – се наведува во соопштението на училиштето.
Понатаму додаваат дека разговорот бил многу тежок, бидејќи таткото барал апсолутно внимание додека зборувал и, според него, го „аргументирал“ барањето.
– Таткото продолжи со својот монолог и на сите разумни објаснувања и аргументи дека е незаконско и беспредметно да се повторува Советот на одделението, реагираше со емотивна патетика во однос на односот родител-дете. Незадоволен од ваквото објаснување и од тоа што не смее да зборува сам, тој демонстративно ја напушти средбата. Поради елементи на закани кои биле забележани и од други присутни колеги, била повикана полиција која дошла откако родителот го напуштил училишниот простор“ пренесува „Рину“.
По овој инцидент, кој бил пријавен во полиција, училиштето одржало состанок на Тимот за заштита од дискриминација, насилство, злоупотреба и занемарување. Одржани биле и состаноци на Училишниот сојуз и Училишниот одбор на кои биле донесени одлуки и мерки кои ќе се следат во иднина. За сите мерки биле известени управните органи на училиштето, Синдикатот и Управата на училиштето.
Регион
(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места
Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и Полигирос. На помош на пожарникарите дошле и хеликоптери.
View this post on Instagram
На терен се вкупно 22 пожарникари, еден хеликоптер и девет возила на итната пожарна служба. Засега пожарот не ги загрозува населените места.
Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез. Нема жртви.
Регион
Се појавија нови сведоци во случајот со Данка Илиќ
Во случајот со Данка Илиќ се појавија тројца сведоци, кои ќе бидат сослушани на 5 јули, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Тие ќе бидат сослушани во врска со истрагата против Дејан Д. и Срѓан Ј., осомничени за убиството на двегодишната Данка, јавува „Данас.рс“.
Неофицијално, еден од нив е државјанин на Бор, а другите двајца се жители од Брестовачка Бања.
Покрај Дејан Д. и Срѓан Ј., во овој случај за убиството на девојчето осомничен е и таткото на Дејан Д. поради сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.