Македонија
175 нови случаи на Ковид-19, починаа седум лицa
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 90, Кавадарци – 15, Тетово – 11, Куманово – 7, Охрид – 6, Кратово – 6, Дебар – 5, Гостивар – 4, Прилеп – 4, Струмица – 4, Ресен – 4, Велес – 3, Струга – 3, Битола – 2, Гевгелија – 2, Виница – 2, Штип – 1, Берово – 1, Кичево – 1, Неготино – 1, Делчево – 1, Крушево – 1, Свети Николе – 1.
Регистрирани се 365 оздравени пациенти од: Скопје – 288, Велес – 10, Прилеп – 7, Куманово – 7, Гостивар – 7, Штип – 7, Кочани – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка – 3, Виница – 3, Кратово – 3, Кичево – 3, Тетово – 2, Дебар – 2, Берово – 2, Богданци – 2, Пехчево – 2, Охрид – 1, Битола – 1, Кавадарци – 1, Ресен – 1, Радовиш – 1, Пробиштип – 1, Крушево – 1, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 1, Неготино – 1.
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје (85 и 43), и по еден од Охрид (83), Штип (79), Тетово (67), Берово (80) и Велес (74). Сите 7 пациенти се починати во болнички услови.
Направените 1.733 теста се преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-68, Авицена-204, Биотек-159, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Систина-182, лабораторија Лаор–283, МАНУ-64, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -2, ГАК-0, Синлаб-13, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 196, УК Пулмологија со алергологија–0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 456.341 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 40.414, активни 4.249
• Куманово 5.200, активни 365
• Тетово 5.114, активни 323
• Прилеп 4.561, активни 162
• Гостивар 3.624, активни 203
• Штип 3.502, активни 121
• Битола 3.231, активни 171
• Велес 3.100, активни 261
• Охрид 2.820, активни 371
• Кавадарци 2.604, активни 341
• Струмица 2.535, активни 262
• Струга 2.214, активни 159
• Кочани 1.722, активни 70
• Кичево 1.719, активни 127
• Свети Николе 1.080, активни 35
• Гевгелија 995, активни 102
• Неготино 966, активни 85
• Дебар 766, активни 93
• Ресен 742, активни 99
• Крива Паланка 724, активни 42
• Радовиш 707, активни 51
• Делчево 619, активни 178
• Берово 594, активни 41
• Пробиштип 507, активни 37
• Виница 491, активни 31
• Валандово 325, активни 11
• Македонски Брод 246, активни 12
• Демир Хисар 244, активни 6
• Кратово 230, активни 25
• Богданци 225, активни 25
• Крушево 208, активни 26
• Демир Капија 207, активни 39
• Македонска Каменица 190, активни 17
• Пехчево 183, активни 11
• Дојран 84, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

