Македонија
29 нови случаи на Ковид-19 во земјата – оздравени 6 пациенти
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти во: Штип – 1, Велес – 3, Гостивар – 1, Кочани – 1.
Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 9, Куманово – 1, Прилеп – 6, Тетово – 5, Струга – 2, Велес – 2, Битола – 2, Охрид – 2.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.723, бројката на оздравени пациенти е 1.235, на починати – 95, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 393. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 588, активни 138
• Куманово – 411, активни 47
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активен 1
• Прилеп – 190, активни 62
• Тетово – 126, активни 63
• Струга – 69, активни 6
• Велес – 111, активни 49
• Битола – 25, активни 6
• Охрид – 17, активни 2
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 19, активни 3
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активен 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 2
• Берово – 1, активен 1
Направените 349 теста се преку: ИЈЗ – 211, Ветеринарниот факултет – 27, „Авицена“ – 17, „Биотек“ – 34, „Филип Втори“ („Жан Митрев“) – 33, „Систина“ со PCR-метода – 10 и МАНУ – 17. Досега во земјата се направени вкупно 20.088 тестирања на Ковид-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација се 3 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти што се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

