Регион
(Видео) 36 часа трае спасувачката акција кај Корнати, бродот со 250 патници не е извлечен
36 часа трае спасувачката акција кај Корнати, а бродот со 250 патници сè уште не е извлечен. Акцијата за извлекување на „Аурелија“, која е во морето од завчера кога ѝ откажа еден од моторите во Далмација, беше отежната поради високите бранови и невремето.
За време на несреќата нема загадување на морето и на бродот нема повредени лица. Процените се дека патниците и во текот на денот, најверојатно, ќе останат на бродот во надеж дека набргу ќе бидат спасени.

Патничкиот ферибот „Аурелија“, долг 148 метри, кој превезувал 215 патници и 92 члена на екипажот, редовно пловел помеѓу Анкона и Сплит под знамето на Кипар. Тој во средата околу 20.30 испловил од пристаништето во Анкона, а во Сплит требало да пристигне во четвртокот во 7 часот.
Во текот на вчерашниот ден два реморкера беа испратени да го извлечат бродот, но не успеаја поради лошите временски услови. Последните информации се дека реморкерот „Полукс“ вчера попладне се прицврстил на бродот и почнала акцијата за негово влечење кон пристаништето во Сплит. Акцијата се одвива забавено поради лошите временски услови.
Поради настанатата ситуација, патниците на бродот имаат право да бараат да им бидат вратени 50 отсто од средствата што ги платиле за патувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

