Македонија
40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава
Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата.
„Тоа е затекната состојба, која не може да се надмине во период од еден месец. За тие деца, ќе имаме часови што ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите што се веќе обезбедени и преку нив тие ќе може да бидат изложени на информациите што треба да ги добијат во училиште“, рече министерката за образование, Мила Царовска.
Тие деца исто така ќе бидат подложни на оценувањето во училиштата.
Со час по информатика денеска беше презентирана првата Национална платформа за онлајн-учење во оваа учебна година. Националната платформа за онлајн-учење ќе работи на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Општина Центар овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство
Општина Центар активно се вклучува во иницијативите за подигнување на свеста и спречување на насилството врз жените и девојчињата. По повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, градоначалникот Герасимовски ја истакна важноста од давање поддршка за жртвите и превенција во справувањето со овој сериозен проблем.
„Покрај психичкото и физичкото насилство врз жените кое е секојдневно, особено загрижува растечкиот тренд на онлајн насилство. Општина Центар ќе продолжи да создава поддржувачка средина, да ги поттикнува жртвите да го пријавуваат насилството, ќе ја засили соработката со институциите и стручните служби и ќе организира активности за едукација на младите за опасностите од дигиталнaта агресија“, истакна Герасимовски, посочувајќи ги последните истражувања според кои речиси 70 проценти од жените во земјава биле изложени на ваков вид вознемирување.
Општина Центар преку соработка со Националниот совет за родова рамноправност овозможува бесплатни советодавни услуги од психолог, правник и социјален работник за граѓаните кои претрпеле насилство или биле било како злоупотребени. Овие услуги се обезбедуваат од страна на стручни тимови од различни области со цел да им се понуди соодветна помош и поддршка на сите на кои им е потребна.
Македонија
Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички, ДУИ правеле дваесетина буџети и не покажале демократски капацитет
Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски којшто посочи дека поднесените амандмани од опозициските пратеници се популистички и дека се поднесени само од причина да ја поткрепат тезата на опозициската ДУИ.
„Многу популистички амандмани кои што многу добро знаат дека се поднесени само од причина да ја поткрепат тезата на опозициската ДУИ, дека не знам некој друг ги правел буџетите. А, од друга страна истите имаат дваесетина буџети кои што ги правеле во изминатиот период. И јас би сакал да прашам било кој претставник од ДУИ да ми каже, во кој од тие дваесет буџети кога ги правеле земале во предвид учество на опозиција и во делот на албанската опозиција и во делот на ВМРО-ДПМНЕ кој што биле опозиција и колку наши предлози во тие периоди биле прифаќани и покажувале. Каков демократски капацитет како што сега од позиција на опозиција многу добро го прават тоа“, рече Петрушевски.
Тој посочи дека Општина Липково од тековниот буџет за 2024 година имало добиено 55 милиони денари за три проекти.
„Меѓутоа фактите и бројките се немилосрдни, Општина Липково само за овој буџет тековен 2024 година има добиено пари од 55 милиони денари за три проекти. Така што не може да се настапува од перспектива дека граѓаните на Липково не добиле ништо. Напротив, добиле многу и тоа не се проекти за коешто одлучило владејачкото мнозинство или пратениците туку напротив тоа се проекти за кои што аплицирал градоначалникот на општина Липково кој што за среќа или несреќа на липковчани е од ДУИ“, истакна Петрушевски.
Тој демантираше дека некој не ги почитува градоначалниците од ДУИ, бидејќи Општина Липково имало добиено средства многу повеќе за разлика од другите општини.
„Така што, тезата дека некој не ги почитува градоначалниците од ДУИ не држи вода. Затоа што во тековниот буџет Општина Липково има добиено 55 милиони денари за 3 проекти. Многу повеќе од некои други општини кој што добиле помалку средства за разлика од Липково, што е добро и за поздравување, бидејќи доаѓам од изборна едница 2“, посочи Петрушевски.
Македонија
(Видео) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води
СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Кавадарци, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната комисија за финансирање на буџет.
Таа образложи дека со овој проект трајно ќе се реши проблемот со отпадните води во општината и ќе се подигнат дополнително стандардите за живот и за заштита на животната средина.
-Пречистителната станица треба да се изгради за да се исполни основната цел, односно, прочистување на отпадните води во градот и истата би била лоцирана после село Марена на излезот од Кавадарци, рече Тренчевска.