Македонија
580 нови случаи на Ковид-19, починаа 9 лицa
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 254, Куманово – 32, Дебар – 10, Штип – 12, Прилеп – 30, Тетово -21, Струга-7, Велес – 28, Битола – 23, Охрид – 23, Кавадарци – 30, Гостивар – 18, Гевгелија – 15, Струмица – 17, Крива Паланка – 7, Радовиш – 1, Кочани – 6, Пробиштип – 3, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Берово – 9, Валандово – 3, Виница – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 12, Ресен – 5 и Неготино – 9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од: Скопје – 162, Куманово – 30, Дебар – 1, Штип – 20, Прилеп – 59, Тетово – 14, Струга – 36, Велес – 30, Битола – 26, Охрид – 27, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-20, Струмица – 18, Крива Паланка – 15, Радовиш-14, Кочани-11, Пробиштип – 4, Демир Хисар -1, Македонски Брод – 6, Валандово – 6, Виница – 2, Кратово – 1, Свети Николе -3, Кичево – 5, Ресен – 6 и Неготино – 23.
Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77), еден од Битола (73), тројца од Струмица (71, 76 и 66), еден од Кичево (86) и еден пациент од Ресен (72). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, на починати е 2559, а бројот на активни случаи изнесува 18046. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 36623, активни 10840
• Куманово 4807, активни 475
• Дебар 651, активни 123
• Штип 3328, активни 200
• Прилеп 4291, активни 433
• Тетово 4811, активни 819
• Струга 2069, активни 267
• Велес 2808, активни 441
• Битола 3077, активни 482
• Охрид 2492, активни 460
• Кавадарци 2193, активни 500
• Гостивар 3421, активни 510
• Гевгелија 1192, активни 261 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 203 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2344, активни 585
• Крива Паланка 642, активни 113
• Радовиш 627, активни 86
• Крушево 167, активни 73
• Кочани 1615, активни 188
• Пробиштип 453, активни 34
• Демир Хисар 237, активни 34
• Македонски Брод 222, активни 19
• Пехчево 157, активни 26
• Берово 512, активни 55
• Валандово 316, активни 47
• Виница 449, активни 59
• Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 11
• Свети Николе 1044, активни 80
• Кичево 1590, активни 209
• Ресен 659, активни 138
• Неготино 1048, активни 272 (169 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2431 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-237, Биотек-205, МАНУ -159, Жан Митрев (Филип Втори)-166, Систина со PCR метода -200, лабораторија Лаор –60, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-2, ГАК-20, Синлаб-44, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -710, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 407.539 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

