Македонија
934 нови случаи на Ковид- 19, починаa пет лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 420, Куманово – 35, Дебар – 5, Штип – 20, Прилеп – 61, Тетово – 58, Струга – 5, Велес – 82, Битола – 33, Охрид – 23, Кавадарци – 19, Гостивар – 18, Гевгелија – 13, Струмица – 30, Крива Паланка – 4, Радовиш – 7, Крушево – 2, Кочани – 22, Пробиштип – 8, Демир Хисар – 2, Пехчево – 1, Берово – 8, Валандово – 1, Виница – 2, Делчево – 4, Кратово – 4, Свети Николе – 13, Кичево – 20, Ресен – 6, Неготино – 8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од: Скопје – 273, Куманово – 15, Штип – 15, Прилеп – 16, Тетово – 21, Струга – 8, Велес – 5, Битола – 4, Охрид – 8, Кавадарци – 6, Гостивар – 11, Гевгелија – 7, Струмица – 17, Крива Паланка – 2, Радовиш – 10, Кочани – 9, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 2, Берово – 4, Валандово – 2, Свети Николе – 1, Кичево – 8, Ресен – 6 и Неготино – 3.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75) и двајца од Прилеп (73 и 78). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30.488, бројката на оздравени пациенти е 20.448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058. Денеска се регистрираат четири контролни теста од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 13174, активни 4283
• Куманово 2244, активни 379
• Дебар 336, активни 58
• Штип 1645, активни 250
• Прилеп 1290, активни 449
• Тетово 2135, активни 507
• Струга 819, активни 101
• Велес 721, активни 335
• Битола 670, активни 265
• Охрид 698, активни 232
• Кавадарци 490, активни 208
• Гостивар 1181, активни 185
• Гевгелија 370, активни 172 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 55 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 876, активни 484
• Крива Паланка 232, активни 83
• Радовиш 230, активни 75
• Крушево 27, активни 7
• Кочани 706, активни 224
• Пробиштип 192, активни 57
• Демир Хисар 82, активни 16
• Македонски Брод 104, активни 8
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 209, активни 49
• Валандово 102, активни 38
• Виница 177, активни 67
• Делчево 246, активни 115 (59 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 50, активни 20
• Свети Николе 481, активни 86
• Кичево 551, активни 161
• Ресен 244, активни 60
• Неготино 146, активни 76 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2748 теста се преку: ИЈЗ-817, ЦЈЗ Скопје-132, Авицена-522, Биотек-280, МАНУ -221, Жан Митрев (Филип Втори) -301, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –137, Судска медицина-15, ЦЈЗ Битола-81, Инфективна клиника-7, ГАК-0, Синлаб-60, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 246.105 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 позитивни и 6 суспектни деца на Ковид-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 216
• Гази Баба – 562
• Аеродром – 759
• Карпош – 627
• Центар – 561
• Кисела Вода – 557
• Ѓорче Петров – 369
• Бутел – 205
• Шуто Оризари – 40
• Студеничани – 20
• Сарај – 32
• Арачиново -9
• Илинден – 85
• Сопиште – 37
• Чучер Сандево – 23
• Петровец –28
• Зелениково -14
• Странец – 33
• Нераспределен- 106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали“, велат од Левица
„Политиката на едностраното „Стратешкото партнерство“, интерпретирано преку вазалски однос кон САД, резултираше со нов шамар за слугите на империјата, реализиран преку запирање на постапката за имигрантски визи кон Македонија“, велат од Левица.
„Илузијата создавана пред граѓаните, за уживање на некаква поддршка кај т.н „стратешки партнер“, наиде на уште еден удар со суровата реалност. Најголем успех во надворешната политика на политичарите на власт, а и Владата во целост остана фотографиите од трибини или со политичари од шести ешалон на САД, кои немаат никакво влијание на односите помеѓу двете земји.
Потсетуваме дека на оваа одлука на американската администрација и претходеше воведувањето трговски маржи и царини за Македонија, по што во немоќ и коленичење, Владата на Мицкоски донесе одлука за целосно укинување на царините кон САД.
Отстапувањето од децениските позиции на државата, проследени со гласањето против укинувањето на санкциите кон Куба, поддршката на американските резолуции за Украина и поддршка на империјалистичките апетити и интервенции, како последната во Венецуела, само го руши угледот и ги загрозува позициите на Македонија во надворешната политика, без притоа да има апсолутно никаков импакт.
Мицкоски и Муцунски не можат да научат дека вазалскиот однос кон САД не е и не може да биде „стратешко партнерство“.
Ова уште еднаш докажа дека кусогледоста на власта и дипломатскиот аматеризам ја воведоа Македонија во стратешки ќор сокак. Алтернативи за развој на државата надвор од уздите на западниот неоимперијализам постојат. Но, за тоа е потребна промена на надворешно-политичкиот курс и отворање кон перспективите што ги нуди остатокот од светот, политика за која актуелната власт очигледно нема капацитети“, соопштуваат од Левица.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво

