Контакт

Свет

Eвакуирани 50.000 жители на Лос Анџелес, пожарите не стивнуваат

Објавено пред

Над 50.000 жители на северните предградија на Лос Анџелес се евакуирани заради пожарите што се шират низ цела американска сојузна држава Калифорнија.Дополнителен проблем создаваат силните ветрови,што им ја тежнува работата на пожарникарите во гаснењето на огнената стихија. Британските медиуми пренесуваат дека пожарникарите го искористиле малото затишје во ветриштата за да можат да се справат со огнот.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава.Огнената стихија зафати површина од 1.700 хектари земјиште, уништувајќи околу 50 градби, додека уште околу 15.000 други објекти се загрозени од огнот.Без струја останаа околу 200.000 домови и продавници.

Свет

Повеќе од 400 лица приведени на протестите во Белорусија

Објавено пред

Околу 442 лица беа приведени во неделата во Белорусија за кршење на законот за масовни настани, од кои 266 во Минск, соопшти денеска белоруското Министерство за внатрешни работи, пренесува ТАСС.

„Вчера беа приведени вкупно 442 граѓани за кршење на законот за масовни настани. Околу 266 лица беа задржани во Минск и 76 лица во шест градови во регионот Гродно“, соопшти Министерството на својот канал на „Телеграм“.

Министерството за внатрешни работи посочи дека 330 лица биле сместени во притворските центри за предсудска постапка до сослушувањето на суд.

Претходно во саботата, најмалку 900 лица учествуваа на неовластени митинзи во Белорусија, а 430 демонстранти беа приведени, од кои 45 се уште се во притвор.

Демонстрациите на национално ниво ја зафатија Белорусија по претседателските избори на 9 август. Според официјалните резултати на Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко победи со огромно мнозинство од 80,10 отсто од гласовите.

Неговиот најблизок ривал во трката, Светлана Тихановскаја, се најде на второто место со 10,12 отсто од гласовите. Таа одби да ги признае резултатите и замина во Литванија.

Откако доцна на 9 август беа објавени резултатите од излезните анкети, во центарот на Минск и другите белоруски градови избија масовни протести. Во раниот постизборен период, митинзите прераснаа во жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Тековните немири ги поддржива Координативниот совет на опозицијата, кој бара повеќе протести. Како одговор, белоруските власти ги осудија превирања и побараа да се запрат неовластените демонстрации.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп ги обвини демократите дека ја критикуваат вакцината за коронавирус за политички цели

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата вечерта рече дека неговите демократски противници ја критикуваат брзата временска рамка за потенцијална вакцина за коронавирус во САД како политички потег за да му наштетат пред изборите, пренесува „Њујорк пост“.

„Тие сакаат да ја оцрнат вакцината. Ова почна пред околу три недели откако слушнаа дека ќе ја направиме оваа вакцина за рекордно време“, рече Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“, емитувано во неделата вечер, објаснувајќи ја реакцијата на демократите и на некои медиуми за идната вакцината.

Трамп рече дека демократите тврдат оти вакцината „излегува прерано“ и ја доведуваат во прашање нејзината безбедност едноставно затоа што се плашат дека претседателот ќе добие поени пред изборите.

Тој посочи дека под различна администрација, за вакцината против коронавирусот би се чекало до три години поради процедурата на ФДА. Но, Трамп ја пофали неговата администрација дека помогнала да се постигне рекордно време во развојот на вакцината.

„Јас целосно ја сменив процедурата на ФДА. Иста безбедност, но брзината е од поинаков свет“, рече тој.

Трамп додаде дека вакцината за коронавирус е при крај и дека очекува до април земјата да има достапни дози за секој Американец.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Романија 808 новозаболени, 23 лица починаа

Објавено пред

Во Романија, во последните 24 часа се потврдени нови 808 случаи на коронавирус, а 23 лица починаа, објави кризниот штаб.

Најмногу заразени има во Букурешт, 228.

Од почетокот на епидемијата во Романија се регистрирани вкупно 113.589 лица заболени од коронавирус, од кои починале 4.458 лица, пренесува „Агерпрес“.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија1 час

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија3 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа4 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија4 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија5 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет6 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија6 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет19 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија21 час

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија23 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион1 ден

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Досие