Контакт

Регион

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Објавено пред

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста во САД, каде што живееше од 90-тите години.

dobivaj vesti na viber

Информацијата ја пренесоа хрватските медиуми, кои се повикуваат на блиска личност од нејзиното семејство. Засега нема официјана потврда.

Утрово беше објавено дека Мира Фурлан починала во средата. Режисерот на „Бабилон 5“, Мајкл Страчински, објави дека екипата од серијата веќе подолго време знаела дека на Фурлан ѝ е нарушено здравјето.

Регион

Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Србија

Објавено пред

Високиот суд во Нови Сад го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Вишиот суд во Нови Сад.

dobivaj vesti na viber

Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.

На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Деканката на филозофскиот факултет од Ниш нападната со нож, вечерва собир за поддршка

Објавено пред

Вечерва во Ниш се случува собир за поддршка на нападнатата деканка Наталија Јовановиќ.

dobivaj vesti na viber

Студентите велат дека ова е втор напад врз деканката Наталија Јовановиќ, но и уште еден во низата напади врз оние кои сакаат на фер начин да дојдат до вистината.

„Никогаш не сме молчеле за насилството, ниту ќе поминеме со наведнати глави покрај него. Ги повикуваме сите граѓани кои се желни за правда да ни се придружат на овој митинг“, се вели во повикот.

Деканката на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Наталија Јовановиќ денеска беше повредена со нож за време на собир на студенти и други граѓани.

Таа беше пренесена во Ургентниот со исеченица на раката, а потоа пуштена на домашно лекување.

„Доживеав голем стрес, останува само да се распарчиме. Нема потреба вака да продолжат тензиите, а знаеме кој ги шири, обвинувам една личност, таа ми извади нож, а тоа е претседателот на оваа држава“, изјави Јовановиќ, пренесе Н1.

За нападот уапсена е 69 годишна жена, поради сомнение дека сторила кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир.

Прикажи повеќе...

Регион

Осомничена за убиство на мајка си била кандидат на последните избори во Хрватска

Објавено пред

Полицијата ја сомничи Милена Крамер (62), членка на Работничкиот фронт и поранешна членка на Социјалдемократската партија, за убиство на сопствената мајка во Загреб.

dobivaj vesti na viber

Лицето осомничено од полицијата дека во саботата ја задавила сопствената мајка во Врбани, е член на политичката партија Работнички фронт и кандидат на таа партија на последните парламентарни избори. Претходно, таа  била долгогодишен член на СДП и член на претседателството на Месниот комитет во Чрномерец.

Крамер е наставничка во едно од загрепските основни училишта, а на последните избори за хрватскиот Сабор беше на 6. место на листата на Работнички фронт за избор на пратеници во 1. изборна единица, но како и целата партија не го помина изборниот праг.

„Јас сум во шок. Не ми се верува“ рече Катарина Пеовиќ, првиот човек на Работничкиот фронт.

Полицијата во саботата попладнето соопшти дека во Заагреб, 62 годишна жена ја усмртила 84 годишната мајка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и...

Свет6 часа

Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ фондови

Францускиот суд донесе пресуда против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир (РН), прогласувајќи ја...

Македонија8 часа

Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат претстава...

Свет9 часа

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост....

Македонија10 часа

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше...

Свет10 часа

Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските...

Свет10 часа

Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе. Спасувачките тимови се обидуваат...

Македонија1 ден

Христијан Стојанов е уште едно младо момче што влезе во „Пулс“ за да спасува луѓе: „Обезбедувањето ни помогна многу“

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот...

Македонија1 ден

Подобрена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат во Солун, од интензивна нега преместени се на пластика

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16...

Македонија1 ден

Oсмани и Адеми во посета на семејството на Бектеши за Бајрам: „Неправедно е обвинет, ја имате нашата поддршка“

Поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот...

Македонија1 ден

„Не пројдоа ни 40 дена од трагедијата“ – Мицкоски смета дека е рано да се размислува за градоначалник на Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека...

Македонија1 ден

Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар...

Македонија1 ден

Прво сведоштво на Костадинов за пожарот: Се измокрив со црево и влегов низ прозорецот кај билетите, ги вадевме луѓето еден по еден

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот...

Македонија2 дена

Попладнево пороен дожд, грмежи и ветер, најавија метеоролозите

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава...

Топ2 дена

Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале. Случајот во...

Спорт2 дена

(Видео) Кочани, Кочани… емоции на првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“. Мечот се одигра помеѓу тимот на...

Македонија2 дена

Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот, информира Таравари

Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во...

Македонија2 дена

(Видео) Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред...

Македонија2 дена

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...