Свет
Уште една изградена болница во Вухан со 1.600 кревети
Локалните власти во Вухан најавија дека ќе пренаменат уште осум објекти во импровизирани медицински установи за згрижување на заболените од коронавирус. Станува збор за спортски центри, гимназии и изложбени салони.
Трите веќе реконструирани објекти имаат 3.400 легла. Севкупно, 11 привремени болници може да згрижат 10.000 пациенти со коронавирус. Овие импровизивни болници се очекува да бидат во функција од среда.
A gymnasium, an exhibition center and a cultural building complex in #Wuhan will be turned into temporary hospitals; 3,400 beds will be added to take in #coronavirus patients with mild symptoms. https://t.co/m2Lx6pjnbK pic.twitter.com/hdlv3eW3su
— Global Times (@globaltimesnews) February 4, 2020
Вухан, главниот град на покраината Хубеи, за само десет дена изгради болница со 1.000 кревети, а се очекува денеска да ја отвори втората новоизградена болница во Лејшеншан.
Вухан, град со 11 милиони жители, има на располагање многу болници и клиники, но бидејќи коронавирусот продолжува да се шири, потребни се дополнителни медицински услуги и болнички капацитети, јавува „Ксинхуа“. Во Хубеи се пријавени 3.156 нови случаи на вирусот и 65 нови смртни случаи, со што вкупниот број заразени во покраината достигна 16.678 и 479 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
НАТО повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа
НАТО во Брисел повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа во Казахстан.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот Ј28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах.
На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“, додаде таа.
Our thoughts and prayers are with the families and victims of #AzerbaijanAirlines flight #J28243. We wish those injured in the crash a speedy recovery and call for a full investigation.
— NATO Spokesperson Farah Dakhlallah (@NATOpress) December 26, 2024
Свет
Пристигна реакција на Кремљ: Погрешно е да се изнесуваат хипотези
Набргу откако почнаа да се шират теориите дека авионот бил соборен од руска ракета, реагираше портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
„Би било погрешно да се изнесуваат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, нема да го сториме тоа и никој не треба да го прави тоа. Мора да почекаме истрагата да биде целосно завршена“, рече Песков.
Владини извори на Азербејџан денеска потврдија за Еуроњуз дека падот на авионот во кој загинаа 38 патници, од кои некои преживеаја, при слетување во близина на градот Актау во Казахстан бил предизвикан од руски проектил земја-воздух.
Истата информација ја пренесе и „Ројтерс“ повикувајќи се на четири извори.
Свет
Затворени сите аеродроми во Москва
Руската агенција за цивилно воздухопловство денеска соопшти дека сите четири аеродроми во Москва и аеродромот во Калуга, 160 километри југозападно од Москва, се привремено затворени, но не наведе причина.
„Авионските екипажи, контролорите на летање и аеродромските служби ги преземаат неопходните мерки за да се обезбеди безбедност на летот“, се вели во соопштението на Росавијација.
Московските аеродроми последен пат беа затворени кон средината на минатиот месец, откако Украина рано наутро лансираше најмалку 25 беспилотни летала насочени кон Москва.
Росавијација потоа објави на Телеграм дека „за безбедност на летовите на цивилните авиони, воведени се привремени ограничувања за работата на аеродромите Домодедово и Жуковски“.