Контакт

Економија

МЗШВ: Буџетот нема да биде оштетен со исплатата на лозарите

Објавено пред

Државата ќе ги обештети лозарите, буџетот нема да биде оштетен, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по одлуката на Владата за утврдување на дополнителна помош, како мерка за исплата за продадено винското грозје.

Дополнителната помош ќе им се исплаќа на лозарите коишто го продале своето грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, а коешто досега не им е исплатено од страна на винарските визби кои во тој период биле регистрирани во Министерството за  земјоделство, шумарство и водостопанство и вршеле откуп. За да им се помогне на производителите на винско грозје пред претстојната сезона, со одлуката се предлага продаденото и ненаплатено винско грозје да се исплати од страна на државата.

Дополнителната помош ќе се исплаќа како мерка предвидена во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година. За таа цел Владата вчера исто така ја прифати и предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година. Во неа, се врши изменување на вкупниот износ на средства во програмата предвидени за растително производство и се додава нова мерка „8-а Дополнителна помош за продадено неплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година“.

Висината на дополнителната помош според донесената одлука се утврдува според сортата на продаденото винско грозје која не е повисока од просечната цена за откуп на винско грозје во Република Македонија, која е утврдена по килограм винско грозје на годишно ниво за периодот од 2014 година до 2016 година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по приемот на податоците од страна на Државниот инспекторат за земјоделство, а согласно со висината на дополнителната помош, го утврдува износот на дополнителната помош во решението за исплата по поединечен корисник. Корисникот на дополнителната помош ќе го врати исплатениот износ на дополнителната помош доколку во периодот од три години од денот на исплатата врз основа на судска одлука или исполнување на договорот за откуп/продажба на винско грозје го добие истиот, намален или зголемен износ на име надомест на штета или исполнување на договорот за откуп/продажба на винско грозје. Корисникот на дополнителната помош согласно со владината одлука, средствата ги враќа на сметка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во рок од 15 дена од денот на наплатата согласно со судската одлука или исполнувањето на договорот за откуп/продажба на винско грозје.

Платежната агенција 60 дена пред истекот на третата година од денот на исплатата на дополнителната помош врз основа на податоците од Управата за јавни приходи врши проверка на исполнувањето на обврската на корисникот.

Врз основа на евиденцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и врз основа на анализите на терен од страна на Државниот инспекторат за земјоделство, утврдено е дека голем дел од лозарите кои имаат предадено грозје во текот на 2014, 2015 и 2016 година, сè уште немаат добиено пари.

Оваа одлука не значи дека државата им должи на приватните компании, туку со оваа одлука директно се обештетуваат лозарите, а преку финансиските инструменти на Управата за јавни приходи, парите ќе бидат вратени во буџетот. Мерката се воведува заради одржување на производството на засегнатите лозари на кои досега предаденото грозје не им беше исплатено од страна на винариите. Во насока на заштита на лозарите во делот на исплатата за откупениот род, МЗШВ веќе подготвува и нови измени на Законот за вино, со кои се предвидува воведување меници како гаранција за исплата на откупеното грозје и создавање услови за мали винарии кои ќе ја зголемат конкуренција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Компанијата Фијат Крајслер повлекува 300.000 возила во Северна Америка

Објавено пред

Фирмата ,,Фијат Крајслер” (ФАА) објави дека ќе повлече повеќе од 300.000 возила во Северна Америка поради неисправност на менувачот.
        
Повлекувањето се однесува на компактните автомобили Доџ дарт произведени од 2013 до 2016 година со автоматски менувач во шест брзини.
        
,,Поради неисправност, кога возачот че се паркира или ќе префрли во некоја друга брзина, може да се случи брзината да не се промени”, соопштија од Фијат.

Компанијата, исто така, порачаа дека не добиле информации за некоја несреќа или повреда, но ги советуваат сопствениците да го исклучат моторот и да ја подигнат рачната сопирачка пред да излезат од автомбилот.
        
Продавачите ќе го поправат дефектот без трошоци за сопственикот, а повлекувањето на автомобилите се очекува да започне на 31 мај.

Прикажи повеќе...

Економија

Ролекс повторно прогласен за најпрестижна компанија во светот

Објавено пред

Швајцарскиот производител на часовници Ролекс по четврти пат по ред е прогласен за најпрестижна компанија во светот.Оваа награда се доделува од 1997 година, а листата на 100 најугледни компании е составена од Институтот за репутација од Бостон.
        
И оваа година, Ролекс зад себе ги остави добро познатите компании како што се ЛЕГО, Волт Дизни, Адидас, Мајкрософт, Сони, Канон, Мишелин, Нетфликс и Бош.
        
За да дојдат до овие резултати, истражувачите од Институтот за репутација од Бостон анкетирале повеќе од 230.000 лица во 15 земји низ светот.
        
Компаниите кои се разгледуваат да влезат во листата, обично имаат приход поголем од 50 милијарди долари годишно, присуство во сите анкетирани земји и брендот да го познаваат барем 40 проценти од популацијата.
        

Прикажи повеќе...

Економија

Тевдовски: СБ одобри 420 милиони долари за проекти

Објавено пред

Бордот на извршни директори на Светска банка ја одобри четиригодишната Рамка за партнерство со Република Северна Македонија, која содржи проекти во вредност од околу 420 милиони. Преку овие проекти ќе се поддржи изградба на инфраструктура, вложување во човечки капитал и фискална и одржливост на животна средина.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, го поздрави донесувањето на Рамката за партнерство и истакна дека Светска банка е наш партнер во развојот и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани.

„Со овие средства ќе се поддржат проекти што ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните и ќе се постигне праведен раст. Тоа ќе се реализира преку вложување во подобра инфраструктура, подобра деловна клима, подобро образование и други проекти кои ќе продуцираат повисок економски раст“, вели Тевдовски.

Проектите се поделени на три области. Првата област ќе го подобри деловното окружување за поконкурентен приватен сектор. Тоа ќе се реализира преку инвестиции во инфраструктурата со кои ќе се подобри поврзаноста. Исто така, предвидени се проекти за подигнување на конкуретноста и иновативноста на фирмите.

Проектите од втората област ќе го поддржат развојот на човечкиот капитал, преку инвестиции во образованието, обезбедување подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување  поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област се однесува на проекти за зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.

Како дел од Рамката за партнерство со земјата е и проектот со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), кој министерот за финансии, Тевдовск,и го договори во рамки на Пролетните средби, а се однесува на поврзување на домашните компании со странските инвеститори.

Инаку, еден од проектите од Рамката беше усвоен вчера од Бордот на директори на Светска банка. Станува збор за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот помеѓу земјите од Западен Балкан. Тој ќе го олесни тргувањето во регионот и ќе ги намали трошоците за фирмите. Станува збор за проект во вкупна вредност од 140 милиони долари, од кој првата фаза 90 милиони долари. Уделот на Република Северна Македонија во проектот е 30 милиони долари. Проценето е дека преку овој проект извозните и увозните трошоци за фирмите ќе се намалат за околу 10%.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

Уапсени седум лица за терористичките напади во Шри Ланка, бројот на жртви се искачи на 200

Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална...

Избори 201935 минути

МОСТ: Прилепчанец гласал заедно со сопругата, откако видел дека го нема во списокот

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности....

Избори 20191 час

До 13 часот гласале 284.942 гласачи, одѕивот е 20,45 отсто

Од обработени 75,50 отсто од избирачките места, до 13 часот на гласање излегле 284 942 гласачи или 20,45 отсто од...

Топ2 часа

Полицаец загина, а четири лица се повредени откако кумановец со ,,мерцедес” направил две сообраќајни несреќи

На 21.04.2019 во 00.45 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе во близина на крстосница со населбата Ајдучка Чешма,...

Избори 20193 часа

Едно лице приведено во Аеродром, го фотографирало гласачкото ливче

Едно лице е приведено во Скопје за време на гласањето на претседателските избори, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдуваат од...

Регион5 часа

Двајца загинати во авионска несреќа во Бугарија

Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа во Бугарија, кога воздухопловот се урнал во јужниот дел на земјата....

Свет6 часа

(Видео) Експлозии за католички Велигден во Шри Ланка, најмалку 50 мртви

Најмалку 50 лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во Шри Ланка во повеќе експлозии на неколку локации, вклучувајќи...

Избори 20196 часа

Изборите ќе ги следат 3.094 домашни и 419 странски набљудувачи

Гласањето за претседателските избори денеска и на 5 мај ќе го следат 3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство....

Избори 20197 часа

Граѓаните бираат претседател на државата

На 3.480 избирачки места денеска 1.808.131 граѓани со право на глас по шести пат ќе бираат претседател на државата. Гласачите...

Свет18 часа

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 201918 часа

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа19 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион19 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион20 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион1 ден

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 20191 ден

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ1 ден

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет1 ден

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа1 ден

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Досие