Контакт

Вести

Политичка криза во Албанија

Објавено пред

Албанскиот претседател, Илир Мета, одби да го потврди именувањето на Гент Чакај на местото министер за надворешни работи и со тоа предизвика сериозен политички потрес во земјата, а во кој се вклучија и политичари од Косово, пренесуваат албанските медиуми.

Албанскиот премиер, Еди Рама, синоќа упати остри пораки до противниците за именување на Чакај за шеф на дипломатијата.

Рама посочи дека одлуката на претседателот Мета да го одбие неговиот кандидат е „противуставна и срамна“, пренесува РТС.

„Аргументите кои ги понуди господинот претседател се на застрашувачко скандалозно ниво. Јас упатувам извинување до Косово поради овој срам“, напиша Рама на „Твитер“.

Чакај, кој во моментов е заменик-министер за надворешни работи, се најде во центарот на контроверзноста поради неговата поддршка што му ја пружи на косовскиот премиер Хашим Тачи во идејата за демаркација со Србија, на што остро реагираше и поранешената шефица на приштинскиот тим за преговори во Брисел, Едита Тахири.

Тахири силно го поддржа ставот на Илир Мета, таа наведе дека овој потег на албанскиот претседател е визионерски и во функција на зачувување на границите.

„Дури и Едита Тахири им се придружи на кукавиците”, одговори Рама.

Рама го кандидираше Чакај за министер за надворешни работи бидејќи неговиот претходник Дмитри Бушати беше сменет од функцијата бидејќи, како што посочија тогаш албанските медиуми, Бушати се залагал за решевање на деценискиот проблем со Грција околу поморските граници, и притоа, како што пренесуваа медиумите, тој бил подготвен и за одредени отстапки што би ги побарала официјална Атина.

 

Вести

Путин потпиша закон кој овозможува блокирање интернет-страници

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша закон со кој на руските власти им се овозможува блокирање интернет-страници и изрекување казни за лажни вести и материјали што се сметаат за навредливи за државата и јавноста.

Новиот закон им дозволува на властите да блокираат интернет-страници и кориснички сметки кои објавуваат лажни вести.

Горниот дом на парламентот го одобри предлог-законот на 13 март, а долниот дом, Думата, даде конечна согласност на 7 март.

Прикажи повеќе...

Вести

Црната кутија од авионот на „Етиопијан ерлајнс“ пренесена во Париз

Објавено пред

Црната кутија од авионот на „Етиопијан ерлајнс“ што се урна во неделата е пренесена од Адис Абеба во Париз, соопштија од авиокомпанијата.

„Истражниот тим ја однесе црната кутија од авионот ‘боинг 737-8 макс’ во Париз за анализирање“, се наведува во соопштението.

Авионот се урна во неделата утрото, само шест минути по полетувањето, при што загинаа сите 157 патници и членови на екипажот од најмалку 33 држави.

По несреќата, речиси во сите земји е донесена забрана за летови со моделите ‘боинг 737-8 макс’ и ‘боинг 737-9 макс’.

На крајот на минатата година во Џакарта се урна ист модел на авион како оној во Етиопија. Тогаш во несреќата загинаа 189 луѓе.

Прикажи повеќе...

Вести

Поранешниот советник на Трамп осуден на 7,5 години затвор

Објавено пред

Затворската казна на поранешниот шеф на изборната кампања на американскиот претседател, Доналд Трамп, Пол Манафорт, е зголемена за 43 месеци. Одлуката доаѓа една недела откако тој беше осуден на затворска казна од 47 месеци со што вкупната казна е 7,5 години.

Манафорт е осуден за заговор и за финансиски малверзации врз основа на обвиненијата кои се формирани во рамки на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за можна руска вмешаност во претседателските избори во САД во 2016 година кога победи Трамп.

Манафорт лани се изјасни за виновен. Тој денеска пред судот кажал дека сака да се извини за неговите постапки и побара поблага казна.

„Жал ми е поради тоа што го направив и поради сите активности кои нè доведоа до ова“, рекол тој.

Трамп ги негираше обвинувањата опишувајќи ја истрагата на Малер како лов на вештерки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток откако кралот и неговата сопруга, кралицата Летиција,...

Македонија2 часа

(Видео) Со колички ќе излеземе на протест ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп“ на прес-конференција пред Министерството за труд и социјална политика порача дека лицата со попреченост ќе...

Свет2 часа

Израел за ракетниот напад го обвини Хамас: почнува мобилизација, Нетанјаху веднаш се враќа од САД

Израелската армија го обвини исламскoто движење на отпорот Хамас за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од Појасот...

Свет3 часа

На врвот на највисоката зграда во светот поставена фотографија на премиерката на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го одушеви светот со своето снаодливо и вешто справување со ситуацијата по терористичкиот напад...

Европа4 часа

Опасен затвореник во бегство, во цела Европа го бараат Даниел Војновиќ

Даниел Војновиќ е опасен и непредвидлив, предупредува германската полиција, која ја прошири потрагата по него во цела Европа. Како што...

Свет4 часа

Франција: Поради немирите на протестите на „Жолтите елеци“, осудени се 2.000 лица

Во Франција од почетокот на протестите на граѓанското движење „Жолти елеци“ во ноември минатата година, па досега, осудени се приближно...

Свет4 часа

Палестинска ракета погоди куќа во Тел Авив, седуммина повредени

Седум лица се повредени во понеделникот наутро кога е погодена куќа во близина на Тел Авив со ракета лансирана од...

Свет4 часа

Трамп за извештајот на специјалниот обвинител: Пропадна обидот да ми се наштети

„Целосно ослободување“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ по објавувањето на главните наоди од истрагата на специјалниот обвинител Роберт...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Свет5 часа

Ердоган: „Аја Софија“ може повторно да стане џамија

Тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека светски познатата „Аја Софија“, која денеска е музеј, повторно би можела да стане...

Свет16 часа

Објавени резултатите од големата истрага – Трамп не соработувал со Русија

Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во 2016 година не заговарала со Русија, покажува извештајот на специјалниот советник Роберт...

Свет16 часа

Руски воени авиони со војници слетале во Венецуела, никој не знае зошто

Два руски воени авиони слетале вчера на аеродромот во Каракас со високи офицери и стотина војници, објавил локален новинар. Една...

Регион18 часа

Шешељ повторно ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, на денешното одбележување на 20-годишнината од бомбардирањето на поранешната Сојузна Република Југославија, ги запали...

Македонија21 час

(Видео) Рудник нема да има, ако треба со жив ѕид ќе ги браниме Иловица и Штука, порачаа младите

Не сакаме рудници, сакаме здрава котлина и здрав живот, очекуваме конечно властите да се залагаат за активности што ќе бидат...

Топ22 часа

Ахмети: Апелирам опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО

Опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, порача денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него треба да...

Македонија1 ден

Повторно гореа трски на брегот на Охридското Езеро

Вчера покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска, соопшти Министерстото...

Топ1 ден

Мотоциклист прегазил жена и побегнал

(Фото: Илустрација) Вчера на улицата Пере Тошев,  мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во 44-годишнен пешак...

Македонија1 ден

Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на...

Свет1 ден

(Видео) Драматична спасувачка акција: Извлечени сите патници од крузерот во Норвешка

Сите 1.300 лица кои се наоѓале на крузерот, чијшто мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо

Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Сончево време со температури до 23 степени

Времето днеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе...

Досие