Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев се однесува како комерцијалист на семејните фирми
Владата потврди дека му доделила 30 годишна концесија на „Тотал Инжинеринг“, фирмата на Вице Заев кој е инаку брат на премиерот, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во обраќање на прес-конференција.
„Ова значи дека Зоран му доделил бизнис на Вице Заев за експлотација на минерални суровини на локација во Село Дукатино, општина Василево. Ова е уште еден случај кога Зоран Заев му дава милионски бизнис на Заев. Зоран Заев ја продолжува праксата која ја почна во општина Струмица на секој начин да им обезбеди на неговите семејни фирми да ја шират бизнис империјата како метастази на канцер во целата државна економија. Тој продолжува да се однесува како комерцијалист на семејните фирми“, рече Арсовски.
Додаде дека Зоран Заев и Вице Заев се обидуваат да премолчат и не дале одговор зошто си доделиле сами на себе концесија за експлоатација на минерални суровини, ако ја продале механизацијата неколку месеци претходно која што ја поседувала фирмата „Тотал Инжинеринг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

