Свет
Полицијата намамила манијак да пешачи 500 километри за да се сретне со 14-годишно девојче

Маж пешачел 500 километри од предградието на Индијанаполис во Висконси, за да се сретне со девојче за кое верувал дека има 14 години и со кое разговарал на „Фејсбук“, соопшти американското обвинителство.
Наместо тоа, 32-годишниот Томи Ли Џенкинс, всушност, разговарал со полициски инспектор кој работи на интернет-злосторства против децата, се вели во соопштението од канцеларијата на јавниот правобранител на САД во источниот округ Висконсин.
Тој е обвинет за употреба на компјутер за да се обиде да убеди, принуди или привлече малолетничка да се вклучи во незаконска сексуална активност, велат од канцеларијата. Тој се соочува со казна затвор од 10 години до доживотен затвор доколку биде осуден.
„Нашата нација се соочува со епидемија на сексуална злоупотреба на деца, при што интернетот им олеснува на предаторите да комуницираат со децата во целата земја“, се вели во изјавата на адвокатот на Соединетите Американски Држави, Метју Д. Кругер, и се додава: „Министерството за правда е посветено на соработка со федерални, државни и локални агенции за спроведување на законот за агресивно гонење на сексуалната злоупотреба на децата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија подготвува прехранбена вакцина против ковид во форма на јогурт

Институтот за експериментална медицина (ИЕМ) од Санкт Петербург планира следната година да го заврши претклиничките испитувања на првата прехранбена вакцина против коронавирус во светот, што ќе има вкус на познатиот руски млечен производ „Рјаженка“, изјави директорот на ИЕМ, Александар Дмитриев.
Претходно, потпретседателот на Руската академија на науките (РАС), академик Владимир Чехонин, објави претклинички студии за необична вакцина против ковид во форма на јогурт.
Според Дмитријев, истражувањето започнало на Институтот за експериментална медицина пред околу една година, пренесува „Спутник“.
Кога руската влада го одобри развојот на „Центарот за персонализирана медицина“, во кој беа вклучени ИЕМ и Националниот центар за медицински истражувања „Алмазов“, проектот за развој на првата вакцина во светот за борба против коронавирусот стана една од областите на истражување.
Според експертите, потребни се нешто повеќе од два милиони евра за да се завршат пред-клиничките и клиничките испитувања, а ние во моментов бараме можности за вон-буџетско финансирање – рече Дмитријев, додавајќи дека пред-клиничките студии се очекува да бидат завршени до крајот на 2021 година или почетокот на 2022 година.
Авторот на идејата за вакцината во форма на ферментиран млечен производ, раководителот на одделот за молекуларна микробиологија и лабораторијата за молекуларна генетика на патогени микроорганизми ИЕМ, Александар Суворов, вели дека специфичноста на лекот не е само во едноставниот начин на примена.
Според него, Институтот за експериментална медицина има долгогодишно искуство во развој на вакцини засновани на живи бактерии, со чија помош се прават ферментирани млечни производи, така што веќе има слични вакцини против грип, пневмококи и стрептококи.
Според научниците, вакцината за јадење речиси и не се разликува по вкус од обичните ферментирани млечни производи.
Свет
Познати личности од целиот свет му напишаа писмо на Путин

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин. Во писмото бараат тој да му обезбеди лекување на Алексеј Навални, кој е во затвор.
„ Како руски државјанин, Навални има законско право да биде прегледан и лекуван од лекар по негов избор“ се наведува во писмото.
Нивниот повик беше објавен денеска од повеќе европски весници, вклучувајќи го и „Економист“ на англиски јазик.
Писмото го потпишаа авторката на книгата за Хари Потер, Џеј Кеј Роулинг, тројца добитници на Нобелова награда за литература, Херта Милер, Луиз Глук и Светлана Алекиевич, член на групата Аба – Бјорн Улваес, британските актери Бенедит Камбербач и Кристин Скот Томас, но и историчарите Нил Фергусон и Симон Шама.
Во писмото што споменатите познати личности му го испратија на Путин се истакнува дека Навални се наоѓа во критична состојба.
„ Господине претседател, ве покануваме веднаш да му пружите на Алексеј Навални медицинска помош и нега што му е итно потребна, на која тој има право, во согласност со рускиот закон. Како некој што се заколнал дека ќе го почитува законот, сега имате можност да го примените тоа во пракса“ додаваат во писмото.
Навални штрајкува со глад со денови, обидувајќи се да ги принуди затворските власти да му дозволат да посетува лекар.
44-годишниот руски дисидент неодамна се пожали на болки во грбот, вкочанетост на екстремитетите, треска и кашлица. Неговото семејство, адвокати и приврзаници изразија загриженост за неговото здравје.
Свет
(Видео) Инцидент на погребот на принцот Филип – полугола жена трчаше низ толпата

Пред замокот Виндзор, каде се одржува погребот на британскиот принц Филип, се случи непријатна сцена кога полугола жена започна да трча низ толпата.
Topless woman arrested outside Windsor Castle during Prince Philip’s funeral.#PrincePhilipfuneral
1/2 pic.twitter.com/IxAtOelN63— Farid Qureshi (@FaridQureshi_UK) April 17, 2021
Полицијата веднаш ја приведе жената.
Жената која беше гола над струкот, налета на толпата и почна да вика. Не е позната причината за инцидентот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш