Црна хроника
Со лажен профил, закани и уцени, тетовец сакал да принуди 46-годишна жена да му биде љубовница

Против 46-годишно лице од селото Синичане, Тетовско, поднесена е кривична пријава за злоупотреба на лични податоци, загрозување на сигурноста и присилба.
Пријавениот во текот на 2019 на социјалната мрежа „Фејсбук“ отворил лажен профил на корисник на име на 46-годишна жена и од него обработувал и објавувал слики од оштетената.
Потоа тој, преку апликацијата „Вибер“, од два мобилни броја, на оштетената, на нејзиниот сопруг и на целото нејзино семејство им испраќал слики и текстови со вулгарна и недолична содржина и упатил сериозни закани по животот на оштетената и животите на нејзиното семејство, со цел да ја присили да биде со него во љубовна врска, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.