Забава
Автопортретот на Џони Деп излезе во продажба

Автопортрет на Џони Деп, насликан во времето кога холивудската ѕвезда беше во судска битка против поранешната сопруга Амбер Херд, е пуштен во продажба во четвртокот.
Почнато во 2021 година во студиото на британскиот илустратор Ралф Стедмен, уметничкото дело со наслов Five („Пет“) е довршено оваа година.
„Овој автопортрет е создаден во време кое беше… да речеме, мрачно, збунувачко“, рече Деп.
„Го погледнав и не знам зошто, мислев дека треба нешто друго. Потребни се дополнителни информации… во суштина таму само напишав ‘Пет’ затоа што требаше да влезам во петтата година од лудилото“.
Деп се ожени со Херд, која ја запозна на снимањето на филмот The Rum Diary, во 2015 година. Нешто повеќе од една година подоцна, таа поднесе барање за развод.
Нивната бурна врска беше соголена пред јавноста во две посебни судења.
Минатата година Деп извојува речиси целосна победа на судењето во САД откако поведе тужба за клевета против Херд, која го обвини за семејно насилство. Деп негира дека ја удрил неа или која било друга жена.
Две години претходно, Деп ја загуби тужбата за клевета во Британија против таблоидот „Сан“, кој го нарече тепач на сопругата. Високиот суд во Лондон пресуди дека Деп во неколку наврати ја нападнал Херд. Набргу тој беше исфрлен од спиноф-серијалот на Хари Потер, „Фантастични ѕверки“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Адвокатот на Балдони проговори за шегата на Рајан Рејнолдс за Блејк Лајвли

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се најдоа во центарот на вниманието пред неколку дена, поради шегата на актерот за правната битка што неговата сопруга ја води со актерот Џастин Балдони. Сега се огласи адвокатот на Балдони кој ја критикуваше шегата на Рајан.
Рејнолдс се појави со сопругата Блејк Лајвли на прославата на 50-годишнината од шоуто SNL, а во еден момент стана и им кажа на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање. „Рајан Рејнолдс! Како си?“, го прашаа, а актерот рече: „Одлично! Зошто, што слушнавте?“ и на тој начин ја насмеа публиката, додека актерката наеднаш стана сериозна по неговите зборови.
Audience Q&A with Amy Poehler and Tina Fey! #SNL50 pic.twitter.com/XYqXMddhS9
— Saturday Night Live – SNL (@nbcsnl) February 17, 2025
Адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, се појави на „Хот Микс“ и ја нарече ситуацијата „најнов потег“ од нивниот тим.
„Искрено не познавам личност чија сопруга била сексуално вознемирувана, а тој би се исмејувал со таа ситуација“, изјави Фридман.
„Не можам да се сетам на некој кој направил нешто такво. Ме изненади“, додаде тој.
Тој кажа дека Балдони се надева дека целиот случај ќе биде решен во негова корист. Водителот го прашал адвокатот, дали Балдони заминал на Хаваи на одмор со сопругата и децата. „Не би го нарекол одмор. Мислам дека никој кој е обвинет за такви страшни работи, можеби дури и за злосторства, не е на одмор“, рече Фридман и додаде: „Мислам дека се обидува да помине време со своето семејство и да најде мир“.
Забава
Припадниците на овие два знака му пркосат на стареењето, тие се навистина среќни

Некои хороскопски знаци имаат неверојатна способност да му пркосат на стареењето, а ако сте меѓу нив, имате навистина среќа.
Не се работи само за генетика, туку и за нивниот однос кон животот – нивната опуштена природа, мудрост и љубов кон ситниците ги прават долговечни. Кои се тие?
Еве два хороскопски знаци кои според ѕвездите знаат да живеат долг и исполнет живот.
Јарец
Јарецот е, без сомнение, хороскопски знак кој живее со план – и тоа долгорочен! Нивната дисциплина, промисленост и неверојатна издржливост често ги водат до зрела старост.
Јарците не донесуваат избрзани одлуки и ретко си дозволуваат да претераат, без разлика дали станува збор за храна, пијалок или стрес.
Нивната тајна? Мудрост и рутина. Јарците редовно ќе одат на медицински прегледи, ќе внимаваат на исхраната и секогаш ќе најдат време за прошетка. Но, не се само здравите навики кои ги прават долготрајни.
Јарците знаат како да се справат со предизвиците – никогаш не се откажуваат, дури и кога животот станува тежок. Оваа внатрешна сила им овозможува да останат смирени и фокусирани, што е клучот за долг и квалитетен живот.
Вага
Вагите се вистински уметници за одржување рамнотежа – не само во социјалните односи, туку и во нивниот животен стил. Тие интуитивно знаат кога да застанат, да успорат и да ги наполнат батериите.
Нивната опуштеност им помага да го избегнат непотребниот стрес, кој е нивен главен сојузник во борбата против стареењето.
Вагите се познати по тоа што сакаат сè што е пријатно и релаксирачко – од долги прошетки во парк, топли, релаксирачки купки, до добра книга со чај.
Нивната способност да уживаат во сегашниот момент им помага да останат отпорни на грижите од секојдневниот живот што ја трошат енергијата.
Вагите исто така сакаат друштво и љубовни врски, што научно е докажано дека е клучен фактор за долговечноста.
Забава
(Видео) Никола Јокиќ го запозна Кевин Харт и ги насмеа сите со изјавата: Мислев дека си нечие дете

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој игра во НБА за Денвер Нагетс, се сретна со американскиот комичар и актер Кевин Харт, кој учествуваше на Ол-стар викендот.
Актерот кој е висок околу 160 сантиметри разговарал со Јокиќ кој е висок 211 сантиметри.
A COMEDIAN AND A JOKER 😅@KevinHart4real x Jokić pic.twitter.com/JoPxLICIAE
— NBA (@NBA) February 17, 2025
Јокиќ на шега му рекол: „Извини, мислев дека си нечие дете“.
Харт повеќе пати му повтори: „Не се смеј“.
Shaq and Kevin Hart 😭 pic.twitter.com/YtHd1wbUST
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) February 17, 2025
Јокиќ не е единствениот кој се пошегува на сметка на висината на Харт. Кевин Дурент се насмеа кога Харт застана до Шекил О’Нил на Ол-стар натпреварот, а микрофоните го снимија она што тој го кажува.
KD mic'd up at the All-Star Game 🤣🎤 pic.twitter.com/MdPBvGZFGG
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 17, 2025