Забава
Адел и Симон Конецки постигнаа договор за развод на бракот
Британската пејачка Адел постигна договор со сопругот Симон Конецки за развод на бракот со спогодба речиси две години по нивното разделување.
„Ју-ес викли“ објави во четвртокот дека пејачката (32) и Симон (46), извршен директор на добротворната организација Drop4Drop, во петокот на 15 јануари ги поднеле условите за развод од 171 милион долари.
Иако Адел и Симон го завршија своето за да го финализираат разводот, бракот официјално нема да биде прекинат додека судијата не се потпише на документите.

Двајцата објавија дека ќе се разделат во април 2019 година, а Адел поднесе судски документи пет месеци подоцна. Тие се одлучија да користат медијација за да се прецизираат деталите за поделба на нивниот имот и на долговите.
Британската поп-сензација е една од најбогатите пејачки во својата земја. Нејзиниот раскошен глас и талентот ја сместија меѓу најценетите и најплатени светски музичари на денешнината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Безос и Санчез донираат 102 милиони долари за помош на бездомниците
Џеф Безос и Лорен Санчез ќе донираат 102,5 милиони долари за организациите што им помагаат на бездомните семејства во САД. Санчез во емисијата Good Morning America соопшти дека парите ќе бидат распределени преку фондацијата „Day One Families Fund“ и ќе одат кај 32 непрофитни организации низ целата земја.
Таа изјави дека целта е да им се помогне на семејствата да се стабилизираат и повторно да го изградат својот живот.
„Во можност сме да донираме повеќе од 100 милиони долари и тоа за многумина претставува огромен чекор напред“, рече Санчез, додавајќи дека ова е само почеток на долгорочната иницијатива.
Донациите годинава стигнале во сите сојузни држави, со поддршка од тим локални советници кои ги препознаваат потребите на заедниците.
Безос и Санчез се венчаа во јуни во Венеција, на церемонија со многу познати личности. Тие се во врска од 2019 година, а Безос ја запроси во 2023 година.
Забава
Ана Ивановиќ поднела барање за развод од Бастијан Швајнштајгер
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ поднела барање за развод од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер по девет години брак.
Германските медиуми објавија дека таа поднела тужба до Општинскиот суд во Минхен во ноември. Во јавноста, тие се сметаа за хармоничен пар, но нивната љубов заврши откако тој наводно ја изневери.
Списанието „Билд“ објави фотографии од него како прегрнува друга жена. Тие сè уште не го објавиле разводот. По распадот на нејзиниот брак, Ана Ивановиќ се фокусираше на работата.
Таа и Бастијан Швајнштајгер почнаа да се забавуваат во 2014 година. Една година подоцна потврдија дека се во врска, а во 2016 година се венчаа во Венеција. Имаат три сина: Лука, Леон и Тео.
Претходно, зборувајќи за својот брак, таа рече дека клучот е во комуникацијата и дека покрај љубовта, потребни се и почит, разбирање и подготвеност да се поддржувате еден со друг.
Забава
Пет намирници што треба да ги избегнувате во зима
Стручњаците наведуваат дека некои намирници не се добар избор во зимскиот период бидејќи не се во сезона, имаат послаб вкус и помалку хранливи материи.
Праски – летните се слатки и сочни, а зимските увезени и со слаб вкус. Наместо нив препорачливо е цитрусно овошје (портокали).
Грашок – пролетниот е сладок, а зимскиот брашнаст и без вкус. Најдобар избор е смрзнат грашок, берен во сезона.
Јагоди – зимските губат мирис, вкус и хранливи материи. Подобри се смрзнати шумски јагоди.
Домати – летниот е најквалитетен; зимскиот од ладилници има помалку свежина.
Боровинки – зимските се скапи, брзо се расипуваат и имаат помалку витамин Ц. Препорака е смрзнати боровинки, кои ги задржуваат антиоксидансите.

