Забава
Актерот Арми Хамер обвинет за силување, адвокатот го нарече тврдењето смешно

Една млада жена во четвртокот (18 март) го обвини американскиот актер Арми Хамер дека ја силувал пред четири години во Лос Анџелес, а полицијата соопшти дека го истражува случајот.
Адвокатот на Хамер ваквите наводи ги нарече смешни и додаде дека сите сексуални односи на актерот биле целосно консензуални.
Тврдењето за силување следува по наводите на социјалните мрежи во јануари од страна на неколку жени кои го обвинија 34-годишниот актер за емоционално и физичко малтретирање и рекоа дека споделува насилни сексуални фантазии.
Хамер во тоа време рече дека нема да одговори на, како што рече, злобни онлајн-напади, но сепак ова резултира во негово исклучување од два холивудски проекта. Неговите претставници го напуштија веднаш кога обвинувањата излегоа на површина.
Во четвртокот, една жена, која се идентификува само како Ефи, на видеоконференција за печат изјави дека била во четиригодишна романтична врска со актерот, кој во тоа време беше оженет со Елизабет Чемберс.
„На 24 април 2017 година Арми Хамер насилно ме силуваше повеќе од четири часа во Лос Анџелес, тој повеќепати ми ја трескаше главата во ѕидот по што добив модринки на лицето“, изјави Ефи (сега 24) пред новинарите.
„Тој исто така изврши и други акти на насилство врз мене за што јас не давав согласност“, рече таа.
Хамер и Чемберс се разделија во јули 2020 година по 10 години брак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Заврши снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“

Поминаа речиси 17 години откако шесте најпознати пријатели на поп-културата беа заедно на филмски сет, но тој со нивната најнова дружба, конечно, беше снимен минатата недела.
Заедничкиот проект ја обедини оригиналната екипа на ситкомот – Метју Пери (Чендлер), Џенифер Анистон (Рејчел), Кортни Кокс (Моника), Лиза Кудроу (Фиби), Мет Лебланк (Џои) и Дејвид Швимер (Рос).
Поставена за емитување на стриминг-услугата „Ејч-би-о макс“, специјалната епизода првично требаше да се снима минатиот август, но беше одложена поради пандемијата.
Датумот на емитување допрва треба да биде објавен, но се очекува да биде во текот на следните неколку месеци.
Забава
Ким Кардашјан и Канjе Вест се согласија на заедничко старателство по разводот

Канjе Вест се согласи на заедничко старателство со Ким Кардашјан над нивните четири деца.
Неговиот одговор следуба по барањето за развод, кое Ким го поднесе на 19 февруари, со што почна процесот на ставање крај на нивниот речиси седумгодишен брак.
Во поднесените документи американскиот рапер и реалната ѕвезда постигнаа согласност дека нивниот брак треба да заврши поради непомирливите разлики.
Тие исто така се договорија дека не им е потребна брачна поддршка.
Канје и Ким имаат две ќерки на возраст од седум и три години и два сина – едниот има пет, а вториот ќе полни две години следниот месец.
Според поднесокот на Ким, тие си го чувале својот имот одвоено во текот на целиот брак во согласност со условите на предбрачниот договор.
Забава
„Барби“, „Прасето Пепа“, „Моето мало пони“ опасни за децата, тврди кинсеко надзорно тело

Популарните цртани серии како Barbie, Peppa Pig и My Little Pony се на удар на критики во Кина откако родителите се пожалија до надзорното тело за заштита на правата на потрошувачите дека содржат несоодветно однесување.
Советот на потрошувачи во Џијангсу во источна Кина објави список со 20 серии цртани филмови за кои тврди дека содржат однесување и јазик несоодветни за деца. Членовите на Советот ги гледале овие серии и разговарале со родители.
Осум од сериите се од странство, вклучувајќи ja британскaта Peppa Pig и две американски Barbie Dreamhouse Adntures и My Little Pony, со уште пет други од Јапонија, меѓу нив е Detective Conan, според Советот, кој всушност е организација поддржана од кинеска влада и формирана со цел да ги заштити правата на потрошувачите.
Во еден пример на сцена опишана како опасна во Peppa Pig ликот Деди Пиг ја отвора вратата од авионот и паѓа од него.
Во сцена од цртаниот филм „Моето мало пони“ лик се потопува во лава.
Во „Авантурите на Барби дримхаус“ има сцени на ликови што висат од хеликоптер или кошаркарски обрач, газат врз некого или паѓаат од таванот, според извештајот на надзорното тело.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш