Забава
Александар не можел да си најде девојка, па сѐ ѝ препуштил на вештачката интелигенција, сега е свршен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/ал.jpg)
Откако долго време се мачело да ја најде вистинската партнерка, момчето по име Александар, дошло до единствена идеја да побара помош за да најде девојка со помош на ChatGPT, која ќе ја заврши работата за него – што се покажало како вистински потег.
Рускиот студент Александар Жадан (23), инаку експерт за развој на софтвер, на 30 јануари годинава на социјалната мрежа Х објави дека побарал за жена девојка со која ChatGPT разговарал во негово име веќе една година. Имено, тој го користел ChatGPT за да воведе Tinder-бот, кој го поврзал со одредени жени на страницата помагајќи му на крајот да ја запознае својата свршеница.
23-годишникот рече дека дошол до идејата бидејќи имал тешкотии да најде совршена партнерка и решил работата на флертувањето и разговорот да ѝ ја препушти на вештачката интелигенција.
За да најде девојка, тој вели дека ботот што го создал комуницирал со 5.239 девојки, со кои подоцна излегувал. А како успеал да направи такво нешто, сам објасни.
„Му дадов информации на ChatGPT за тоа како обично комуницирам. Отпрвин имаше проблеми бидејќи програмата не ме познаваше добро, можеше да пишува некои глупости, но подоцна ја тренирав до тој степен што почна да комуницира со девојки исто како мене“, рече Александар.
Жадан поставил одредени филтри за невронската мрежа да му ги покаже оние жени со кои треба да продолжи да комуницира. И тогаш, кога лично ја запознал Карина, програмерот сфатил дека ChatGPT му нашол љубов. Тогаш сфатил дека вештачката интелигенција може да му помогне во самата врска.
„Кога Карина и јас првпат се запознавме, сфатив дека е можно да се преквалификува системот да ги анализира нашите пораки“, рече развивачот.
Тогаш мрежата препорача каде да излезе со девојката. Конечно, ChatGPT му предложи на Александар да ја побара за жена Карина велејќи му дека врската е „урамнотежена и силна“.
Што ѝ направил Жадан – го следел советот на ChatGPT и парот сега, како што тврдат, се свршил.
Програмерот објасни дека не ѝ кажал веднаш на својата свршеница дека невронската мрежа го поттикнала да ја побара за жена, но таа подоцна смирено ја сфатила веста.
Иако објасни дека е сосема можно да се создаде општа програма за да им се помогне на луѓето да го пронајдат својот идеален партнер и дека она што го создал е „личен производ“, многумина сметаат дека целата приказна не е реална.
„Како човек кој зборува руски, дефинитивно, можам да кажам дека оваа приказна е лажна. Овој човек ја лажирал својата диплома и многу други. Затоа, генерално, претпоставете дека е можно, но оваа приказна е генерирана од вештачката интелигенција“, „Заедницата направи мало истражување за овој човек и има големи шанси да не е токму така тоа што го кажа“, напишаа поединците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Забава
Хороскопски знаци што не избираат зборови кога се расправаат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/lutina.jpg)
Зборовите можат да бидат сурово оружје, а луѓето родени под овие хороскопски знаци намерно ќе ги повредат другите за да се одбранат или да ја покажат својата супериорност.
Шкорпија
Кога Шкорпиите се лутат, нивната способност да ги користат зборовите како оружје станува застрашувачка. Не само што ќе го кажат тоа што го мислат, туку ќе го кажат на начин што ќе ве погоди право во срце. Кога се чувствуваат повредени или изневерени, нивната потреба за одмазда може да ги наведе да користат зборови кои најмногу ќе повредат.
Тие се мајстори за сарказам и иронија, а нивната способност да ги користат овие алатки во расправии ги прави исклучително остри и навредливи. Кога се чувствуваат нападнати, нивната природна реакција е да се бранат со напад. Тие можат брзо да ги идентификуваат слабостите на другите луѓе и да ги користат против нив, што ги прави многу опасни во вербалните препукувања.
Овен
Овните се карактеризираат со бестрашна природа и непоколеблива решителност. Кога ќе се налутат, нивниот огнен темперамент и склоност кон брзо дејствување може да ги наведат да кажуваат работи без да размислуваат за последиците. Тие ќе кажат што мислат, без разлика колку нивните зборови можат да ги повредат другите.
Тие се познати по нивната импулсивност. Реагираат брзо и често без размислување, што може да резултира со груби и навредливи зборови. Тие не сакаат да губат; кога се чувствуваат загрозени или нападнати, нивната реакција е да возвратат со сите средства, вклучително и вербални напади. Исто така, Овните се многу искрени. Тие веруваат дека е подобро да се каже вистината, колку и да е болна, отколку да се задржуваат чувствата. Нивната искреност може да биде груба и навредлива за другите.
Близнаци
Кога Близнаците се лути, тие намерно ги користат зборовите како најсилно оружје. Можат да бидат многу груби со своите зборови кон другите, често без значење, но со голем ефект. Тие се многу паметни и можат да излезат со навредливи коментари за миг. Нивната способност за брзо реагирање ги прави многу опасни во вербалните препукувања.
Тие се мајстори за двосмисленост и можат да ги користат зборовите на начин што има повеќекратни значења. Понекогаш нема ни да знаете дека нивните навреди се маскирани како шеги.
Забава
Анџелина Џоли не се согласува со татка си за Палестинците: „Таа е под влијание на антисемитисти“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dzoli-tatko.jpg)
Во новото интервју американскиот актер Џон Војт ја нападна својата ќерка Анџелина Џоли, која постојано му изразува поддршка на народот на Палестина.
„Таа е изложена на пропаганда. Таа е под влијание на антисемитистите“, изјави тој за списанието „Варајати“. Тој понатаму тврди дека вистинските информации не ѝ се достапни бидејќи луѓето во Холивуд не зборуваат за тоа.
„Тие се целосно исклучени. Тие немаат поим што се случува“, рече тој.
Изјави и дека ја сака ќерка си и не сака да се расправа со неа.
„Таа беше под влијание на ОН. Од почетокот тоа беше ужасна ситуација кога станува збор за човековите права. Тие тоа го нарекуваат човекови права, но тоа е само антиизраелско плукање“, рече тој.
Изрази разочараност што ќерка му, како што рече, не разбира дека целта на Хамас е уништување на земјата на Евреите.
Анџелина минатата година на „Инстаграм“ изјави дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел не може да биде оправдување за изгубените животи во бомбардирањето на цивилите во Газа.
„Ова е целно бомбардирање на заробено население, кое нема каде да избега. Газа е затвор на отворено речиси две децении и бргу станува масовна гробница, а 40 отсто од убиените се деца“, напиша таа.
Забава
Актерката Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот според златниот пресек
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/anja-tejlor-2.jpg)
Новото истражување покажа дека американската актерка Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот според златниот пресек.
Нејзината убавина била проценета со помош на античкиот грчки метод за сметање наречен златен пресек.
Сметањето го одредува физичкото совршенство на една личност. Колку лицето е поблиску до соодносот 1:1, 618, толку личноста е посовршена.
Нејзините очи, веѓи, носот, усните, вилицата и обликот на лицето се измерени и се најблиску до идејата на старите Грци за жена со совршен изглед. Последното испитување го направи хирургот Џулијан де Силва.
Ања го зазеде првото место со резултат од 94,66 проценти. На листата се најдоа и Зендаја (94,37 отсто), Бела Хадид (94,35 отсто), Маргот Роби (93,43 отсто).
„Ања Тејлор-Џој беше јасен победник откога беа измерени сите делови на лицето за да се утврди физичкото совршенство“, рече Де Силва.
Ања е родена 1996 година. Почна да глуми во 2013. Светската слава ја стекна благодарение на серијата на „Нетфликс“, The Queen’s Gambit. Таа глуми и во филмовите Furiosa: A Mad Max Saga, The Super Mario Bros. Movie, како и серијата Peaky Blinders.