Контакт

Забава

Алесандра Амброзио на одмор во родниот Бразил заедно со Ричард Ли

Објавено пред

Тие моментално се на одмор во нејзиниот роден Бразил, откако претходно оваа недела уживаа во романтично бегство во Кабо Сан Лукас, Мексико.

А Алесандра Амброзио и нејзиното момче Ричард Ли изгледаат како највљубен пар на фотографиите што таа ги сподели на својот Инстаграм, а на кои се гледа како уживаат во инфинити-базен во луксузна вила во мексиканскиот ресорт.

По кусиот престој во Кабо, тие беа фотографирани во Сао Паоло доцна во четвртокот. 40-годишниот супермодел ги покажа своите затегнати нозе во кропнати шорцеви од тексас на ноќна прошетка со својот партнер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шакира се соочува со судење поради наводно затајување данок

Објавено пред

Шпански истражен судија увидел доволно индиции за колумбиската поп-ѕвезда Шакира да се соочи со судење за даночна измама, е наведено во судскиот документ објавен во четвртокот (29 јули).

Судијата Марко Џисас Хуберијас ја заврши истрагата за наводите на државното обвинителство дека пејачката не платила 14,5 милиони евра (23,3 милиони долари) данок на приход остварен помеѓу 2012 и 2014 година. Тоа е прелиминарен чекор пред да биде закажано судење.

„Документите (…) приложени кон тужбата се доволен доказ за погрешно постапување за да се продолжи со постапката“, наведува судијата во судскиот документ.

Додека обвинителите велат дека Шакира живеела во регионот Каталонија во тој период, нејзините претставници тврдат дека до 2015 година таа живеела на Бахамите, не во Шпанија, и дека ги исполнува сите даночни обврски.

„Во периодот од 2012 до 2014 година Шакира била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија“, тврдат нејзините претставници и додаваат дека повремено патувала во Шпанија, а официјално почнала да живее таму дури од 2015 година.

Претставниците на Шакира во Шпанија во четвртокот преку е-пошта изјавија дека „судскиот документ е очекуван чекор во процесот“ и дека правниот тим на пејачката „целосно соработува со правосудните органи и нема да коментира понатаму“.

44-годишната пејачка е во врска со дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, од 2011 година и имаат две деца.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Луцифер се враќа за сезоната 6

Објавено пред

Сагата за Луцифер е речиси исто толку епска како и библиските приказни што ја инспирираат.

Фановите стравуваа дека крајот беше предвреме близу во неколку наврати, но „Нетфликс“ конечно потврди дека серијата ќе има шеста и последна сезона.

Веста дојде преку официјална објава на Твитер, придружена со броевите „666“ и следнава најава: „Ѓаволот нè натера да го сториме тоа. Луцифер ќе се врати за шеста и последна сезона. Како, крајно финале.“

Завршната сезона ќе има 10 епизоди, а ќе почне да се емитува на 10 септември.

Главниот фокус на серијата е Луцифер Морнингстар, ѓаволот, кој е несреќен и уморен од тоа да биде господар на пеколот. Го напушта престолот и го менува своето кралство со Лос Анџелес, каде води свој ноќен клуб „Лукс“. Тој е повикан да работи како консултант за полицијата на Лос Анџелес.

Прикажи повеќе...

Забава

Алекс Родригез и Мелани Колинс облечени во тон

Објавено пред

Тие уживаа во луксузно патување во Сен Тропе возејќи се на крузер изминатава недела.

А, Алекс Родригез и ТВ-водителката Мелани Колинс во средата беа забележани додека шетаат и разгледуваат продавници во францускиот град.

46-годишникот и Мелани, двајцата облечени во бела облека, посетија голем број продавници само неколку часа откако неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез, која моментално е во Италија со Бен Афлек, застана во истите објекти.

 

Таблоидите шпекулираат дека Бенифер (Бен и Џенифер) заминале за Италија откако дознале дека поранешниот свршеник на Џенифер е во Сен Тропе.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион14 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија16 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија16 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија16 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија19 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија19 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ20 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ21 час

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет22 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ22 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет23 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет24 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија24 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет1 ден

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет2 дена

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет2 дена

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија2 дена

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија2 дена

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Досие