Забава
Алесандра Амброзио видно расположена по средбата со новиот партнер

Алесандра Амброзио е желна да разговора со пријателките за својата средба со новиот партнер Ричард Ли претходната вечер.
39-годишната манекенка беше фотографирана додека се упатува на час по пилатес во Лос Анџелес, облечена во сет за вежбање во боја на јоргован.
Бразилката секогаш е елегантна, дури кога оди на пилатес. На себе има бел стилски капут и голема торба „Хермес Биркин“ за да ѝ го собере приборот за тренинг.
По вежбањето имаше дружба со две пријателки.
Се чини дека ветеранката на „Викторијас сикрет“ продолжува по свој пат без партнерот Николо Оди, италијански бизнисмен и дизајнер со кого беше во врска нешто повеќе од две години. Претходната вечер таа излезе со моделот Ричард Ли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дете кое сака да стане пилот ја помина првата лекција за летање

Седумгодишно момче од Велика Британија, голем љубител на авиони и пилотирање, се издигна во небото на својата прва лекција по летање.
Џејкоб Њусон од Лидс сонува еден ден да стане пилот. Неговиот татко Ендру му дозволи да присуствува на првиот час за летање и да управува со авион неколку секунди.
Тој ја презеде контролата врз Piper PA-28 Cherokee за време на летот надвор од аеродромот White Waltham во близина на Мејденхед, под будното око на инструкторот Марк Грин.
„Тој имаше контрола над леталото околу пет до 10 секунди и апсолутно беше воодушевен“, рече таткото Ендру.
Малиот Џејкоб додаде: „Беше прилично застрашувачко, мислев дека татко ми ќе повраќа“.
Забава
Џенифер Лопез се потпира на поранешниот сопруг по разделбата со свршеникот

Џенифер Лопез не е сама додека се опоравува од разделбата со свршеникот Алекс Родригез.
51-годишната латино дива, која моменатлно го снима Shotgun Wedding во Доминиканската Република со Џош Духамел и Лени Кравиц, се потпира на еден од своите поранешни, според магазинот „Пипл“.
„Џенифер и Марк имаат одличен меѓусебен однос“, сподели извор за нејзината блиска врска со Марк Ентони, со кого беше во брак од 2004 до 2014 година.
„Убаво и пријатно е да го има покрај себе додека мора да работи во странство,“ вели истиот извор.
„На Џенифер ѝ оди добро. Таа сè уште снима во Доминиканската Република. Децата ја посетија и ја прават најсреќна.“
Џенифер и Марк ги делат близнаците Макс и Ема (13).
Забава
Фотосесија на плажа: Џој Кориган ги покажа своите облини во бикини

Ангелот на „Викторија“ Џој Кориган никогаш не поминува незабележана.
Прекрасната манекенка на Victoria’s Secret (26) се чини дека се забавува во низата различни пози на динамична фотосесија наспроти сините води на Атлантскиот Океан.
Своите тонирани облини ги стави на целосен приказ во црни бикини додека позира во фотосесија за францускиот бренд Vanessa Sposi.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?