Забава
Алиша Викандер има строго правило во врска со снимање секс-сцени
Алиша Викандер во интервју за Harper’s Bazaar UK отворено зборува за снимањето сцени во кои има секс и е категорична дека таквите сцени никогаш не треба да бидат ништо друго, освен технички.
Оскаровката тврди дека таа инсистира ваквите сцени да се снимаат во еден кадар, без повторувања.
Според Cosmopolitan, на долгиот список со работи, кои веројатно се прилично непријатни, е да бидете актер и да снимате секс-сцени во просторија полна со странци. „Се чини дека второто е на врвот на списокот. Но, не би требало. Снимањето секс-сцена треба да биде како снимање која било друга сцена: професионално, технички и, пред сè, безбедно“.

Во интервју за британскиот магазин Harper’s Bazaar, Алиша Викандер одговараше на прашања поврзани со нејзиниот нов филм Earthquake Bird, во кој има сцена со интензивен секс, како што вели авторот на текстот, во магазинот.

За време на интервјуто, актерката, добитник на „Оскар“, истакна дека е важно интимните сцени да бидат чисто технички. И очигледно таа инсистира ваквите сцени да се снимаат во еден кадар, без повторување, и така сите, целиот екипаж, ќе бидат ефикасни.
„Мојата прва секс-сцена беша кога имав 20 години и тоа секогаш беше технички како што треба да биде“, рече таа додавајќи дека не треба да има повторувања на кадрите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис: Работам на четири места за да го издржувам своето дете
Румер Вилис, ќерка на холивудските актери Брус Вилис и Деми Мур, одлучи да одговори на коментарите на социјалните мрежи, појаснувајќи дека самата ја издржува својата ќерка Луета без никаква финансиска помош од своите славни родители.
Откако во понеделникот на својот Инстаграм објави видео за мајчинските обврски, како подготовка на оброци и вежбање, Румер Вилс се соочи со несакани коментари. Подоцна се огласи преку Инстаграм, посочувајќи на авторите на коментарите поради, како што рече, неинформираност и безобразлук.
Самохраната мајка, која ќерката ја има со поранешниот партнер Дерек Ричард Томас, откри дека работи повеќе работи за да се издржува и нагласи дека не добива финансиска помош од родителите.
„Работам четири различни работи за да ја издржувам својата ќерка. Јас сум нејзиниот единствен старател. Не живеам од семеен фонд ниту добивам пари од родителите. Поголемиот дел од времето немам никаква помош околу неа“, порача таа. „Затоа, што велите да застанете малку пред да почнете да осудувате и да носите претпоставки.“
Бидејќи коментарите продолжиле, Вилис се осврна и на конкретна забелешка од корисник дека, во случај на нужда, секогаш може да се потпре на „грбот“ што ѝ го обезбедува семејството. Во нова објава на Инстаграм дополнително го појасни својот став за претпоставките што луѓето ги имаат за неа како мајка и како личност.
„Многу сум свесна дека во животот имам привилегии што многумина ги немаат и не го земам тоа здраво за готово“, рече таа. „Знам дека постојат реалности што никогаш нема целосно да ги искусам и тоа го почитувам. Но оваа објава не се однесуваше на привилегии или споредување на животни околности, а изгледа дека луѓето претпоставуваат дека сум го занемарила тоа, иако тоа не беше темата за која сакав да зборувам.“
Дополнително објасни дека своето славно семејство никогаш не го сметала за резервен план и дека е горда што може сама да ја издржува својата ќерка. Изјавата ја заврши со зборовите дека секој „се соочува со различни животни околности“ и лични борби.
Како и нејзините родители, и Румер Вилис е актерка. Се појави во филмовите, „Sorority Row“ и Once Upon a Time in Hollywood, глумеше во серијата Empire, а дебитираше и на Бродвеј.
Забава
Кои хороскопски знаци се најстроги родители
Астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци во улогата на родители не отстапуваат од своите принципи и воспитуваат со дисциплина, јасни правила и високи очекувања.
Јарец
Јарците се симбол на дисциплина. Под влијание на Сатурн, воспитувањето го сфаќаат како сериозна животна мисија. Очекуваат ред, одговорност и исполнување на обврските без изговори. Иако делуваат строги, нивната љубов се изразува преку стабилност и учење на вредноста на трудот и упорноста.
Девица
Перфекционистите на зодијакот поставуваат високи стандарди. Домот им е организиран, а од децата се очекува дисциплина, добри навики и посветеност. Критиките не им се злонамерни – целта е детето да го достигне својот целосен потенцијал.
Лав
Лавовите имаат големи очекувања од своите деца и ги поттикнуваат да блескаат. Иако се топли и дарежливи, бараат почит и одговорност. Веруваат во исклучителноста на своите деца и ги туркаат напред за да успеат.
Овен
Како родени лидери, Овните ги воспитуваат децата да бидат храбри, самостојни и борбени. Не толерираат откажување и ги учат директно да се соочуваат со предизвиците.
Шкорпија
Интензивни и заштитнички настроени, Шкорпиите бараат искреност и емоционална сила. Веруваат дека карактерот се гради преку соочување со тешкотии, па воспитуваат психолошки издржливи личности.
Забава
Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
По четири Белградски арени, Владо Георгиев со голем концерт во Скопје
Еден од омилените балкански кантавтори, секогаш актуелниот Владо Георгиев на 20 март 2026 година ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.
По три рекордно распродадени концерти во Белградска арена и четврт концерт на 7 март за кој побаравувачката е голема, „Господски“ концерт ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.
„На македонската публиката ќе ѝ биде претставена Господска музичка приказна што ги надминува рамките на традиционалната концертна изведба. Препознатливата комбинација од боемски сензибилитет, музичка елеганција и емоционална искреност на Владо ќе го направат овој концерт посебно искуство што ќе се памети долго време“, велат организаторите.
Влезниците се веќе достапни во продажба на ddtickets.rs.

